Прва помошРеспираторен систем
Како треба да реагирате кога ќе ви потече крв од носот

Крварење од носот настанува изненадно,често во тек на сон, предизвикувајќи паника кај пациентот и неговата околина. Крварењето од носот се јавува во детска и постара возраст особено на крајот на зимата и почетокот на пролетта кога витаминскиот дефицит е многу поголем.
Причини за настанување
Локалните причини за епистакса се идеопатски(непознати), трауматски, воспалителни, туморски, микроклиматски и ендокрини. Генерализирани причини се : покачен крвен пртисок, акутни инфективни болести, хематолошки заболувања, болести на срце и крвни садови.
Клиничка слика
Изгледот и општата состојба на болниот зависат од интензитетот на крварењето. Болниот е вознемирен, со забрзан пулс, а при обилни крварења доаѓа до бледило на кожата и слузниците, понекогаш и до колапс.
Како треба да се реагира
- Прво што треба да направите е да му кажете на болниот енергично да ја издува крвавата содржина од носот,а доколку не е во состојба тоа се прави со помош на инструмент или аспиратор.
- Потоа, доколку крварењето е со помал интензитет потребно е болниот неколку пати да вдише и издише низ носот и при така предизвикана вазоконстрикција може да дојде со прекин на крварењето. Може да се направи и притисок на ноздрата со рака или ладна оболога.
- Доколку крварењето и понатаму е присутно и обилно потребно е да се направи локална анестезија на слузницата со помош на памукче натопено во 1-2% пантокаин со неколку капки адреналин кое треба да стои во ноздрата неколку минути. За тоа време болниот треба да направи компресија на нозрата која крвари.
- Ако не сме успеале да го сопреме крварењето или тоа е обилно уште на самиот почеток, се употребуваат предна и задна тампонада со специјализирана газа претходно натопена во физиолошки раствор.
- Понекогаш, со цел да се запре обилното крварење од носот, потребно е да се направи операција на носната преграда, а во најтешките случаи, лигатура на надворешната каротидна артерија или нејзините гранки.