ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Дали високиот крвен притисок предизвикува главоболки или други симптоми?

Речиси во сите случаи, луѓето не можат да чувствуваат кога им е покачен крвниот притисок. Затоа и не се свесни дека го имаат. Токму ова е причината зошто хипертензијата (висок крвен притисок) често се нарекува тивок убиец.

Обично, лицето ќе доживее главоболката само кога се наоѓа  во средина на состојба што се нарекува хипертензивна криза. Тоа период на екстремно висок крвен притисок со читање од 120/180 милиметри живин столб (mm Hg) или повисок. Ова се смета за медицинска криза  и ако се појави, треба да се  добие итна лекарска помош.

Сепак, дури и во овие случаи, високиот крвен притисок не може да се дијагностицира само врз основа на симптоми. Единствениот начин вистински да се каже дали имате покачен крвен притисок е да се проверува со мануелен или дигитален апарат за притисок

Ако ваш близок доживува чести главоболки и други симптоми што ги припишува на висок крвен притисок, пожелно е да посети лекар. Тој ќе може да открие дали некоја друга состојба  можеби  го предизвикува проблемот.

Неконтролиран  висок крвен притисок може да доведе до бројни компликации, вклучително и оштетување на артериите, мозокот, срцето и бубрезите.

Драгана Тасевска

Exit mobile version