Дали високиот крвен притисок предизвикува главоболки или други симптоми?

Речиси во сите случаи, луѓето не можат да чувствуваат кога им е покачен крвниот притисок и не се свесни дека го имаат. Токму ова е причината зошто хипертензијата(висок крвен притисок) често се нарекува тивок убиец.
Обично, лицето ќе доживее симптоми како што е главоболката , само кога се наоѓа во средина на состојба што се нарекува хипертензивна криза – период на екстремно висок крвен притисок со читање од 120/180 милиметри живин столб (mm Hg) или повисок. Ова се смета за медицинска криза и ако се појави, треба да се добие итна лекарска помош.
Сепак, дури и во овие случаи, високиот крвен притисок не може да се дијагностицира само врз основа на симптоми. Единствениот начин вистински да се каже дали имате покачен крвен притисок е да се проверува со мануелен или дигитален апарат за притисок
Ако ваш близок доживува чести главоболки и други симптоми што ги припишува на висок крвен притисок, пожелно е да му сугерирате да посети лекар, кој ќе може да открие дали некоја друга состојба можеби го предизвикува проблемот. Непроверен, неконтролиран висок крвен притисок може да доведе до бројни компликации, вклучително и оштетување на артериите, мозокот, срцето и бубрезите.
Повеќе информации и совети за природни начини на регулирање на крвниот притисок прочитајте овде.
Напомена: Ниту една содржина на оваа страница, не треба да се користи како замена за директен медицински совет од вашиот лекар или друг квалификуван лекар.
Драгана Тасевска