Имате проблем со мрсна кожа и блед тен?-Ние имаме решение за вас

Имате проблем со мрсна кожа и блед тен?-Ние имаме решение за вас

Секоја втора жена во светот има проблеми со кожата. Без разлика дали станува збор за проблеми со мрсна, сува или кожа со акни, третманот знае да биде макотрпен и скап. Но, од друга страна пак, природното лекување е секогаш добредојдено и ефективно.

Имате проблем со мрсна кожа и блед тен?

Ние имаме решение за вас.

Чајот од магданос е добар за блед тен и одличен за нега на мрсна кожа. Додадете прстофат магданос во половина литар вода која што почнува да врие и тргнете ја настрана (вриењето ги уништува драгоцените својства на магданос). Поклопете го чајот и оставете го да постои половина час. Откако ќе се прецеди и доволно ќе се излади, се мие лицето неколкупати дневно. На секое миење се прави нов чај.

Добар лосион за нега на кожата е лосионот направен од сок од краставички и хамамелисова вода. Се меша 1 децилитар сок од краставички и исто толку хамамелисова вода и половина децилитар ружина вода. Со врвовите на прстите измасирајте ја кожата. Овој лосион ја освежува кожата и овозможува повторно, полесно да дише.

Чајот од ајдучка трева прави чуда за мрсната кожа. Некои ботаничари го препорачуваат и за акни. Во подлабок сад ставете 30 грама суви или свежи лисја од ова растение и додајте половина литар врела вода. Оставете го да постои 10 минути, а потоа прецедете го. Натопете платно со овој раствор и ставете го на лицето. Повторно натопете го кога ќе почне да се лади, бидејќи платното треба да биде колку што е можно потопло. Повторувајте ја постапката 10 минути, а потоа избришете го лицето без плакнење. Постапката се повторува наутро и навечер. За да се постигнат подобри резултати, посебно кај акните, треба да бидете упорни и да го користите чајот неколку недели.

Чајот од жалфија се подготвува како индијски чај, овој чај е едноставен, но добар лек за мрсна кожа. Со него се мие лицето повеќепати во текот на денот (треба да биде прецеден).

Доколку ви е мрсен носот, измешајте една кафена лажичка борна киселина со една чаша ружина вода. Овој лосион се користи толку често колку што е потребно.

Коментари