COVID-19

Како да се заштитите од ковид-19 надвор од дома?

Покрај препораките за заштита во домашни услови на самоизолација ,кои веќе ни се добро познати , прочтајте ги препораките за заштита надвор од вашиот дом.

Како да постапите при излегување надвор?

  1. Носете долги ракави.
  2. Маската ставете ја од дома и не ја допирајте со раце додека сте надвор.
  3. Внимавајте на вашиот миленик
  4. Носете марамчиња за една употреба и користете ги за допирање на рачки/кваки.
  5. Искоритеното марамче веднаш фрлете го во корпа за отпадоци, не го чувајте кај вас.
  6. Плаќајте со картичка или веднаш дезинфицирајте ги вашите раце по ракување со пари.
  7. Не допирајте го носот ,очите или устата со нечисти раце.
  8. Врзете ја косата, не носете накит и шминка.
  9. Избегнувајте користење на јавен превоз .
  10. Кашлајте и кивајте во свиткан лакт.
  11. Избегнувајте контакт со луѓе,а ако морате тогаш држете дистанца 1 до 2 метри.

 Како да се однесувате кога влегувате во домот?

  1. Не допирајте ништо додека не ги измиете и дезинфицирате рацете.
  2. Ако имате миленик, дезинфицирајте ги неговите шепи пред да го пуштите во домот.
  3. Оставете ги кесите, чантата и паричникот и другите предмети на влезот од домот.
  4. Телефонот и очилата задолжително дезинфицирајте ги.
  5. Отстранете ги и дезинфицирајте ги обувките,а алиштата ставете ги за перење.
  6. Внимателно отстранете ги ракавиците и темелно измијте ги рацете, а потоа и лицето.
  7. Дезинфицирајте ги предметите кои сте ги купиле.
  8. Имајте на ум дека целосна дезинфекција не е возможна во домашни услови, но бидете                          претпазливи за да се минимизира ризикот од инфекција.

 

Останете дома, излегувајте само доколку морате, следете ги препораките на Министерство за здравство и информирајте се за најновите мерки и случувања.

Реклама - Healthy Store
Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button