Здравје кај децаПсихологија

6 совети како полесно да го намалите времето поминато пред екраните на децата

Заради пандемијата, новите моделите за учење на далечина, ги вклучуваат децаат да поминуваат повеќе време пред екраните во склоп со нивниот училишен ден. Токму поради тоа е важно да се редуцира употребата на електроника во останатиот дел од денот.

Иако мобилните телефони, таблетите или пак лаптопите се дел од нашето секојдневие, здравствените придобивки се поврзани со значително намалување на  времето кое се поминува пред екраните, вклучително и подобрување на физичкото здравје, намалена дебелина и повеќе време за играње и истражување. Ова е особено важно за деца кои поминуваат значително време учејќи на компјутери и таблети. Важно е да се користи времето за пауза за да се вклучите во некоја физичка активност. Кога ќе заврши училишниот ден, направете план како да ги ангажирате децата на други начини и да ги ставите уредите далеку од очите и нивен дофат.

“Просечното време поминато на екраните е од седум до 10 часа.”

Препораките на Американската Академија на Педијатри за прифатливо време поминато пред екраните е:

  • За деца под 2 години нема воопшто потреба од употреба на електорника;
  • Еден час на ден за деца од 2 до 12 години;
  • Два часа на ден за тинејџери и возрасни;

Ограничувањето на времето поминато пред екраните им помага на родителите да обрнат внимание на она што го гледаат нивните деца на социјалните медиуми и интернет. Поминатото времето пред екранот влијае на возрасните, како и на децата. Времето потрошено пред екранот го зголемува ризикот од дебелина што е поврзано и со нарушувања на спиењето, но влијае и на социјалните врски/односи.

Реклама

За деца, особено за тинејџери, постојат студии за негативните ефекти од поминатото време онлајн и поврзаноста во врска со анксиозност, депресија и расеаност.

Во прилог 6 идеи за како да го организирате слободното време на вашите деца:

1. Бидете одговорни.

Поставете очекувања со децата и поставете цели што имаат за цел да го намалат времето на употреба на таблети.

2.Бидете реални.

Ако вашите деца поминуваат многу слободно време на екраните, вклучително и гледање телевизија, започнете да поставувате помали, остварливи цели. Наместо веднаш да преминете на точно препорачаното време, однсно час до два или помалку на ден, започнете со преполовување на моменталното време на екранот.

3.Бидете вклучени во нивното слободно време.

По училиште или работа, поминувајте време секој ден разговарајќи лице в лице со децата и посветете им целосно внимание.

4.Тргнете ги уредите настрана, по училишните обврски.

Во текот на слободното време, ставете ги уредите подалеку или скријте ги , со цел да не им го привлекуваат вниманието.

Далеку од очи, далеку од срце, зарем не?

5.Направете зони без телефон во куќата.

Семејните оброци треба да се во зоните без телефон, а тоа звучи како лесен начин за почеток.

6.Излезете.

Оставањето на телефоните и одење или играње на отворено го зголемува вашиот ендорфин и го обезбедува чувството на среќа во вашиот мозок, го зголемува вашето расположение и го подобрува вашето физичко здравје.


М.Д

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button