Катарактата претставува заматеност на очната леќа. Причините за настанување можат да бидат различни. Болеста може да се развие на било која возраст, но процентуално најмногу се развива кај лица над 50 години. Заматеноста на очната леќа се развива полека се до потполно губење на видот, доколку не се лекува.
Причинители
Пердето во најчест случај е промена на структурата на леќата од возраста. Со текот на времето стареат структурите на леќата, се променува составот на истата и таа ја губи провидноста. Во овој случај видот се намалува постепено. Освен возраста како фактор за појавата на катаракта може да бидат и удар (травматична), поствоспаление на окото (компликата) или поради присуство на друго основно заболување (патолошка).
Исто така и текот на бременоста кај мајката може да допринесе за развивање на катаракта кај детето, најчесто како последица на некоја интраутерина инфекција.
Симптоми
Почетните симптоми на катарактата обично се проследени со мало оштетување и губење на острината на видот. Останатите симптоми вклучуваат: матење на видот, гледање како преку жолта фолија и удвојување на предметите кои ги гледа пациентот. Ризикот од заболувањето може да се намали со балансирање на исхраната.
Третман
За разлика од одредени очни болести, катарактата не може да се третира со примање на терапија како капки, маст, таблетки или да се решава со вежби за очи. Единствен начин на кој може да се острани е со хирушка интервенција односно со светски познатата ФАКО метода, со која се прави мал рез во самото око и со помош на ултразвук се остранува природната леќа и се вградува нова интраокуларна леќа. Станува збор за безбедна и кратка интервенција, која се прави со локална анестезија.
Препорачливо е да се острани додека е во почетна фаза бидејќи окото претрпува помала траума и постоперативниот заздравување е кратко. Најважно е интервенцијата да биде изведена од стручен и искусен хирург кој е запознаен со оваа метода, на кого пациентот може да му се довери и да биде изведена со квалитетни материјали, затоа што катарактата се оперира само еднаш во животот.