ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Намалите ги последиците од промена на вкусот при третирање на карцином на белите дробови

Чувството за вкус е зажен фактор кој овозможува да ги задоволиме телесните потреби за енергија преку храната.

Постојат пет основни вкусови и тоа: слатко, кисело, солено, горчливо и умами. Дисфункцијата на перцепција за вкус може да го наруши квалитетот на живот. Тоа се случува поради негативниот ефект врз апетитот, телесната тежина и психичката благосостојба.ka

Кои се најчести пореметувања на вкусот кои се појавуваат при терапија и лекување на карцином на белите дробови?

Како да ги намалите последиците од промена на вкусот?

  1. Ако на пациентот му одговараат горки и кисели вкусови, се советува со оброкот да консумира и лимонада или кисел зеленчук, која ќе ги освежи вкусните папили.
  2. Водата може да ја ароматизирате со додаток на парчиња лимон, портокал или краставица.
  3. Ако пациентот има мачнини, храната оладете ја на собна температура и послужете ја на ладна чинија за да се намали ширењето на мирисот од храната.
  4. Супа или други течности послужете ги со сламка и по можност во шолја со капаче за да болниот не ја гледа или не го чувствува мирисот на храната.
  5. Металниот вкус на храната може да се ублажи со употреба на пластичен прибор за јадење.
  6. После секој оброк добро измијте ја устата и јазикот.
Exit mobile version