Калциум-најзастапен минерал во човечкото тело

Калциум-најзастапен минерал во човечкото тело

Минерали се аноргански елементи кои како и витамините, телото не може да ги произведува, туку во доволни количини мораме да ги внесуваме во оранизмот преку храна или додатоци на храна.
Речиси и да не постои хемиски процес во нашиот организам кој не зависи од еден витамин или минерал, а нивен дефицит може да предизвика многу пореметувања.

Калциумот е минерал за кој најмногу се зборува. Најраспространет елемент во човековото тело, а во го има околу 1,2 кг.  Околу 99% од калциумот се наоѓа во коските и забите. Познато е дека околу 700 мг калциум дневно влегуваат и излегуваат од коските, што значи дека коските може да се обновуваат и да заздравуваат ако настане некоја фрактура. За разлика од ова, калциумот во забите не се обновува, па забите не се лечат и не се обновуваат сами по себе.
Остатокот од околу 1% калциум се наоѓа во крвта, лимфата и други телесни течности каде е потребен за пропустливост на клеточна мембрана, коагулација на крвта, пренос на нервни имплуси, контракција на мускули и друго.

Исто така, заедно со натриум, калиум и магнезиум учествува во регулација на крвен притисок и рамнотежа на водата во организмот. Сите функции кои се надвор од коските се неопходни за живот и затоа ако во организмот дојде до дефицит на калциум, тој се извлекува од резервоарите или депоата на калциум, во кои служи како градбен материјал, а тоа се коските. Така всушност настанува остеопороза, болест при која доаѓа до  намалување на коскена маса.
Со оглед на тоа дека коските се динамично ткиво и постојано се обновуваат, внесувањето на доволна количина калциум не само што спречува настанување на остеопороза и остеомалација, туку и во голема мера штити од настанување на некои облици на рак, покачен крвен притисок и други пореметувања.

Просечна дневна потреба за калциум кај возрасни е околу 800-1300 мг и зависи од возраста и состојбата која ја превенираме или лекуваме.


Дефицит на калциум

Бидејќи е важен за многу телесни функции, неговиот дефицит може да има несакани ефекти за организмот:

  • ако го нема доволно во крвта, се црпи од коските и се намалува коскената маса,
  • пореметување на нерви и мускули,
  • покачен крвен притисок,
  • депресија и слични нарушувања на расположението,
  • алергии, најчесто на сонце,
  • прееклампсија и еклампсија или токсемија во бременост,
  • горенаведените состојби водат до компликации како: едем, мачнина, главоболка, хипертензија, конвулзија во последните стадиуми од бременоста, кои можат да бидат фатални за мајката и плодот.

 

Превенција и лечење на болести

Тераписки се употребува при лекување на:

  • остеопороза,
  • прееклампсија,
  • заболувања на срцев мускул(зголемува контрактилност),
  • инфаркт поврзан со високи нивоа на магнезиум и калиум,а ниско ниво на калциум во телото,
  • алергија,
  • депресија и напади на паника,
  • артритис,
  • хипогликемија,
  • болки и грчеви во мускулите и зглобовите,
  • предменструален синдром,
  • инсомнија и раздразливост.

Сите овие болести и растројства се сè почести во нашето секојдневие, па така и калциумот станува сè поважно средство за превентива.

 

Улога на калциум при алергија

Калциумот е еден од елементите кој може да елиминира многу алергии. Особено е корисен кај алергии на сонце(фотосензитивност) и некои алергиски реакции на храна. Таквите алергии се карактеризираат со големи, црвени пликови на телото кои чешаат и отоци особено на екстремитетите, вратот и лицето.
Ако се акутни и тешки алергии, се дава интравенозна инјекција. Може да се дава калциум орално, во вид на таблети или шумливи таблети, како превенција или како лек.
На пролет, актуелни се алергиите на полен. При таква алергија заедно со калциумот, добро е да се земаат и витамин Ц и биофлавоноиди(кверцитин), бидејќи тие многу ефикасно го намалуваат нивото на хистамин произведен од страна на организмот како одговор на алергија и се одговорни за оток, кивање, солзење на очите, конгестија на носот и слични реакции.

 

Најбогати извори на калциум се млеко и млечни производи, срдини заедно со коските. Други извори се соја, сојно брашно, црвена пиперка и школки. Затоа, потрудете се овие намирници да станат составен дел од вашата секојдневна исхрана.

Коментари