Како се дијагностицира карцином?

Kолку порано карциномот е дијагностициран и третиран, толку поголеми се шансите да биде излечен.
Некои типови на карцином како оние на кожа, дојка, усна шуплина, тестиси, простата и ректум, можат да бидат детектирани со самопреглед или други скрининг методи уште пред симптомите да станат сериозни.
Во најголем број случаи, карциномот е детектиран откако туморот може да биде почувствуван или откако ќе се развијат и други симптоми.
Во неколку случаи карциномот може да биде детектитран инцидентно при преглед или лекување на друга болест.
Дијагнозата на карцином започнува со физикален ореглед и комплетна анамнеза т.е медицинска историја.
Со лабараториски испитувања на крв, урина и столица може да се откријат абнормалности кои индицираат карцином. Некои методи: копјутерска томографија (КТ), магнетна резонанца(MRI), ултразвук и фибер-оптичка ендоскопија може да му помогнат на лекарот да ја одреди локацијата и големината на туморот.
За потврдување на дијагнозата, потребна е биопсија. Како се изведува биопсија? Се зема ткиво од суспектниот тумор и примерокот се проучува под микроскоп за да се воочат туморски клетки.
Ако дијагнозата е позитивна значи дека карциномот е присутен и следните испитувања може да дадат дополнителни информации за карциномот. Најважно за лекарите е да откријат дали кардиномот е метастазиран во околни ткива и органи. Ако почетната дијагноза е негативна за карцином и симптомите продолжат, можеби ќе бидат потребни дополнителни тестови. Ако биопсијата е позитивна, не заборавајте да побарате потврдно мислење од страна на лекар, кој е специјализиран за третман на рак.
Кои се третманите за карцином?
Во зависност од видот и фазата на карцином, третманите за искоренување на туморот или забавување на неговиот раст може да вклучат комбинација на операција, терапија со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија или имунотерапија.