COVID-19

Како да живееме здраво дома: Што можеме да направиме за да го зачуваме здравјето на целото семејство?

Долгиот престој дома и намалената можност за движење за време на пандемијата од корона вирусот, може негативно да влијае на нашето физичко и психичко здравје. Притоа, не заборавајте, од голема важност е да се грижиме за зачувување на сопственото здравје како и за здравјето на нашите најблиски.

 

Како би го спречиле ширењето на Корона вирусот ( COVID-19), Македонија од самиот почеток презема одредени мерки кои започнаа со затварање на градинките, училиштата  и факултите, а подоцна се беа преземени и драстични мерки со што е воведен полициски час и забрана за движење без дозвола. Сето ова допринесе децата од градинките и училиштата како и студентите од факултетите да мораат своето време да го поминуваат дома, од каде е воведено следење на настава од своите домови.

Досегашните научни истражувања укажуваат на податоци дека за време на викенд како и годишен одмор, луѓето драстично помалку се движат, повеќето од своето време го поминуваат пред телевизор или пред компјутер, притоа користејќи нездрави намирници. Дополнително, здравите навики при исхранување се намалуваат и биоритамот и времето поминато во квалитетен сон е намален. Како последица на овој животен стил, се зголемува телесната тежина, која долгорочно има негативно влијание на здравјето на индивидуата и претставува ризик за развој на денешните водечки хронични болести. Долгорочниот престој во домот поради епидемија може да ја зголеми можноста за појавување на некој од овие проблеми поради намалената можност за движење и поради тоа неопходно е да се грижиме и да го зачуваме нашето целокупно здравје.

 

Реклама

Како би го зачувале нашето здравје неопходно е да имаме секојдневна физичка активност за сите членови на семејството. Согласно препораките на Светската Здравствена Организација (СЗО), за здрав живот секојдневно е потребно да издвоиме најмалку:

-180 минути за физичка активност со различен интензитет за деца до 6 години како би спречиле долготрајни периоди во кои тие се во седечка позиција,

-60 минути умерени до интензивни физички активности за деца и млади на возраст од 6 до 18 години,

-30 минути умерени до интензивни физички активности за возрасни лица,

 

Со редовна физичка активност, за зачувување на здравјето потребна е и правилна исхрана. Долготрајниот престој во домот овозможува да имаме време кое не е исполнето со разновидни активности со што често подлежиме на конзумирање на поголем број на меѓуоброци. Оброците не само што се почести , но и најчесто содржат значително поголемо количество на сол, шеќер и маснотии.

Подигнување на свесноста за здрав начин на живот и одржување на телесната тежина за време на куќниот престој е од големо значење и важност како би го зачувале своето здравје и по завршување на епидемијата.

Нашите текстови континуирано ќе Ве информираат за зачувување на здравиот стил на живот за време на епидемијата, но и по нејзино завршување.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button