COVID-19КожаНега на лице и тело

Како да научиме да не го допираме лицето за време на Covid-19 пандемијата

Кога центарот за контрола и превенција од болести издаде пакет на мерки за заштита меѓу кои беше и да не се допираат лицето, устата и очите, многу од нас не ни беа свесни колку често всушност го правиме тоа и колку малку контрола имаме над оваа несвесна навика.

Многу доктори и терапевти години наназад равивале ефикасна терапија и „алатки“ за контрола на однесувањето, како што се стискање на акни или постојано допирање на косата.

Токму овие „алатки“ ќе ви помогнат на вас и вашите деца да го намалите честото допирање на лицето.

Зголемете ја вашата самосвест

Често го допираме лицето, а за тоа не сме ни свесни. Кога нешто ќе не зачеша, ние автоматски го допираме тоа место пред да стигнеме да размислиме. Сепак, колку и да звучи контрадикторно, можно е да ја зголемите свеста за тоа што правите со вашите раце. Свесноста е клучна за да си помогнете на себеси.

Како да го направите тоа?

  • Подесете тајмер на 5 минути, седите и не ги помрднувајте рацете. Обратете внимание на секоја сензација на кожата која би сакале да ја почешате или допрете. Вежбањето секој ден по 5 минути, ќе ви помогне да го увидите секое надразнување на кожата и да одолеете на него.
  • Направете си потсетници „Што прават моите раце во моментот?“  и поставете ги на различни места низ домот или работното место.
  • Поставете фластери на јагодиците на прстите како би ја измениле тактилната сензација при допир на лицето.

„Не го допирај лицето“

Одолејте му на предизвикот

Свраб или било какви промени на кожата се магнет за прстите. Изгледа потполно невозможно да не се почешате кога ќе почнете да мислите на тоа.  Горенаведените техники за самосвест може да ви помогнат да одолеете на предизвикот. Но, многу е полесно кога воопшто нема ни да го почуствувате тој предизвик или дразба.

Некои од предизвиците, на пример чешањето, не се секогаш од физичка природа. Многу често тие дразби се предизвикани од анксиозност, стрес или досада. Затоа, важно е да обратите внимание и на тоа како се чувствувате за да можете на конструктивен начин да го решите проблемот.

Како да го направите тоа?

  • Користете маска или крема за лице за да ја смирите сувата и надразнета кожа.
  • Врзувајте ја косата за да не ви паѓаат прамени врз лицето.
  • Редовно вежбајте како би ги намалиле досадата и емотивните тегоби.
  • Практикувајте техники за дишење за да ја намалите анксиозноста.
Вознемиреност и немир

Оваа енергија мора некаде да излезе.

Кога ќе осетите потреба да се ослободите од вишокот енергија или имате изразена потреба за сензорна стимулација, добро може да ви послужат играчки или „забава за прсти“ како што се спинери, гумени топчиња, рубикова коцка или други предмети кои сакате да ги допирате или вртите низ прсти. Важно е таквиот предмет да ви биде секогаш на дофат. Уште подобро би било ако ги „вработите“ рацете со некоја мануелна работа како цртање, фарбање, одгледување цвеќиња или подготовка на храна.

„Fidget toys“

Дури и со овие алатки, вие ќе го допирате лицето, но многу поретко. Не губете надеж, бидете трпеливи и дајте си време на себеси и вашите деца да ги совладате овие техники како би го зачувале вашето здравје.


АМ

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button