Како да го убиете стравот од коронавирус?

Како да го убиете стравот од коронавирус?

Читањето,слушањето и гледањето на вознемирувачки вести за коронавирусот може да придонесат чувство на вознемиреност, загриженост, лутина, паника и стрес. Во време кога светот се справува со пандемија, се поставува едно прашање, како да се одбегне стресот кој нè плаши, а истовремено да останеме смирени и информирани. Вестите и вирусот се шират во иста брзина, па затоа стресот може да биде акутен, а кратко подоцна може да премине во хроничен. Нашето тело и нашиот ментален апарат имаат способност да компензираат стресна реакција до одредена мера, ама кога интензитетот и траењето на стресот го надминуваат нашиот капацитет и нè спречуваат да ги одржуваме нашите телесни процеси во рамнотежа, доведува до психосоматски болести. Пред тоа нормално има симптоми и знаци, а ние сме склони да ги игнорираме.

Најпрвин, треба да бидеме доста селективни во работите што ги слушаме и читаме. Најлесно е да избегнуваме секаков вид на новини, меѓутоа во тој случај ќе останеме неинформирани. Значи, нормално е да е присутен стресот, не можеме да го исклучиме во ваков период на пандемија, меѓутоа можеме да се научиме како да го контролираме и да се справуваме со него.

Има различни стратегии. Ние ќе ви предложиме работи кои може да ги правите во карантин за секој ден да ви биде убав и поминат на здрав начин.
-Извлечете максимум од карантинот и правете работи за кои досега  не сте имале време.

1.Читање
-Сега не можете да кажете дека немате време за читање на книги. Може да започнете со читање на некоја нова книга, а knigoteka.mk може да ви помогне доколку сакате да читате нешто ново.

2.Спорт
-Фитнес теретаните моментално не се неопходни, бидејќи има доста идеи на Јутјуб како да направите домашен фитнес. Работете на своето тело, вежби на координација и истегнување, што несомнено ќе направат да се чувствувате подобро.

3.Медитација
-Медитацијата и вежбите за дишење се секако препорачливи, тие секогаш не доведуваат до баланс на телото.

4.Учете странски јазици
– Como estas?Ca va?Kak diela? Има многу онлајн курсеви и апликации за учење на странски јазици кои ќе ви помогнат брзо и лесно да го совладате писмото, азбуката или основното,разговорно ниво на некој јазик.

5.Гответе здрава храна
-Сега не е време за храна на улица и храна од ресторани. Подготвувајте секојдневни квалитетни оброци и внесувајте што е можно повеќе витамини, тоа е сега најпотребно. Вашето тело ќе биде среќно и задоволно.

6.Редовно проветрувајте го вашиот дом
-На секој поминат час е препорачливо да се отвори прозорот по 15 минути, тоа е одлично за имуниот систем, а и подобро да се осеќате во својот дом.

Останете дома, извлечете го најдоброто од оваа состојба, пронајдете ја најдобрата верзија од вас, релаксирајте се, обновете контакти со стари пријатели и секако забавувајте се и едуцирајте се со содржините на Медицински совет.

Коментари