Здравје од А до ШКардиоваскуларен системУм и ТелоХрана и живот

Какао – топол напиток со здраствени бенефити

Кратка историја на какаото

Чоколадото во сите негови форми е нешто што верувам дека сите скоро секојдневно го конзумираме. Но, во минатото не било толку лесно достапно како сега, се до моментот кога во 16-тиот век пристигнало во Европа од Јужна Америка.

За домородното население Ацтеки, какаото се консумирало како пијалок и имало големо културно и медицинско значење. На него се гледало како лек што може да лекува разни болести, вклучувајќи треска, дијареја, замор, ангина и кариес. Верувањето на Ацтеките дека какаото е божествен еликсир се должи на идејата дека тоа е дар од Quetzalcoatl – ацтечкиот бог на ветерот и мудроста. Се верува дека ова е и причината зошто шведскиот ботаничар Карл Линеус го именувал растението “Theobroma cacao”, од античките грчки зборови „теос“ што значи бог и „брома“ што значи храна или појасно – „храна на боговите“.

Причината за потенцијалните придобивки се должи на високата концентрација на полифеноли кои се наоѓаат во какаото – познати како какао флаваноли. Полифенолите се антиоксидантни соединенија во овошјето и зеленчукот кои го штитат организмот од слободните радикали, кои кога се во поголема концентрација се поврзани со разни болести.

Бенефити од конзумирањето на какао:

1. Богато со полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени придобивки

Полифенолите се природни антиоксиданти кои се наоѓаат во храна како овошје, зеленчук, чај, чоколадо и вино.

Реклама

Полифенолите се поврзуваат со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи намалено воспаление, подобар проток на крвта, низок крвен притисок и подобрување на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Какаото е еден од најбогатите извори на полифеноли. Особено изобилува со флаваноли, кои имаат моќни антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти.

Сепак, преработката на какаото може да предизвика губење на корисните својства, бидејќи се третира со алкални за да се намали горчината, што резултира со 60% намалување на содржината на флаванол. Со ова сакам да посочам дека треба да бидете внимателни при изборот на какао продукти и концентрацијата на какао содржана во нив.

2.Какаото содржи антиоксиданти

Какаото е богато со антиоксиданти познати како флавоноиди. Според научниците од универзитетот Корнел, какаото има двојно повеќе антиоксиданти од чаша црвено вино и три пати повеќе отколку што има во зелениот чај.

Флавоноидите се поврзани со многу здравствени придобивки, од намалување на воспалението до зајакнување на имунитетот. Овие антиоксиданти се поврзани со подолг живот, нормална телесна тежина, како и превенција од рак.

Темното чоколадо прави разлика , колку е поголем процентот на какао, толку е подобро кога станува збор за чоколадните барови. Антиоксидансите се исто така во многу поголема концентрација доколку какаото е помалку обработено.

3.Какаото го подобрува здравјето на срцето


Според Американското здружение за кардиоваскуларно здравје, ефектите на какаото врз кардиоваскуларните здравје се многу големи и го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Според Европскиот совет за информации за храна (EUFIC), флаванолите на какаото се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања, борба против ЛДЛ холестеролот, зголемување на протокот на крв и намалување на згрутчување на крвта.

  1. Какаото ја подобрува меморијата

Студија од 2013 година објавена во списанието „Неврологија“ открила корелација помеѓу редовната конзумација на какао и зголемената меморија, што сугерира дека пиењето барем две чаши на ден какао напиток може да помогне да се избегне Алцхајмеровата болест.

Бидејќи на различни области на мозокот им треба повеќе енергија за да ги завршат своите задачи, им треба и поголем проток на крв. Овој однос, наречен невроваскуларен спој, може да има важна улога во болести како што се Алцхајмеровата болест. Се смета дека способноста на какаото да го зголеми протокот на крв е коренот на неговите способности за подобрување на меморијата.

Во 2014 година, група истражувачи го даваат првиот директен доказ дека конзумирањето на какао може да ја зголеми когнитивната функција. Тие ги воочиле придобивките од зголемувањето на активноста во одреден регион на мозокот наречен забен гирус и ги следеле ефектите на пијалокот со висока концентрација на какао врз овој регион, на крајот откривајќи значителна разлика во когнитивната функција.

При снимки од мозокот на испитаници, откриени се забележителни подобрувања во функцијата на забниот гирус кај оние кои конзумирале пијалок со висока концентрација на какао-флаванол.

5.Какаото ве прави среќни

Тајната на среќата се крие во чоколадото. Не само што е вкусно, туку има и позитивно влијание врз вашиот мозок. Ослободува одредени невротрансмитери кои прават да се чувствувате пријатно и среќно, па дури и може да ги намали болката и стресот.

Чоколадото прави да се чувствувате добро затоа што содржи кофеин што ја зголемува енергијата, серотонин кој го подобрува расположението и триптофан кој делува релаксирачки.

За најздравото топло какао, клучот е во незасладен какао напиток кој содржи 85 проценти темно чоколадо. За верзија со помалку маснотии, користете растително млеко. Засладете го вашиот напиток со природни засладувачи како мед и чист јаворов сируп, но не претерувајте. Последно, но не и најмалку важно, уживајте во вашето задоволство без вина!

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button