Ако сте од оние што не можат да го започнат денот без својот ритуал -утринско кафе, веројатно безброј пати сте чуле дека пиењето кафе пред првиот утрински оброк не е препорачливо за вашиот желудник. Но, дали има вистина во ова и дали научната заедница се согласува со оваа теза, прочитајте подолу.
Зошто кафе?
Кафето е еден од најпопуларните пијалоци низ целиот свет, веднаш по водата. Покрај мирисот на првото утринско кафе, неговите придобивки се многубројни.
Денес, кофеинот е социјално најприфатениот стимуланс, кој има многу позитивни ефекти врз организмот. Така, кофеинот нè прави побудни и посконцентрирани, а исто така може да влијае на зголемување на нивото на енергија.
Покрај тоа, научните истражувања покажуваат дека кафето може да ги подобри другите когнитивни функции како што се памтењето, расположението, чувството на будност, но и скратување на времето на реакција.
Бидејќи кофеинот влијае на забрзување на метаболизмот, често се поврзува со полесна борба со вишокот колограми и врвни спортски перформанси.
Стимулирајќи го нервниот систем, кофеинот предизвикува зголемување на достапноста на масните резерви како извор на енергија. Тоа резултира со извонредни спортски резултати, но и полесно губење на несаканиот вишок килограми.
Студиите потврдуваат дека кофеинот штити од разни болести како:
- дијабет тип 2
- Алцхајмерова болест
- деменција
- болести на црниот дроб срцето и крвните садови
Дали кафето на празен стомак може да биде штетно за здравјето?
Истражувањата покажуваат дека супстанциите што го прават кафето горчливо можат да стимулираат зголемено производство на желудочна киселина.
Поради што повеќето веруваат дека кафето ја иритира слузницата на желудникот, предизвикува киселини, гадење. Исто така може да ги влоши симптомите на разни болести и нарушувања на дигестивниот систем.
Поединци тврдат дека конзумирањето кафе на празен стомак е особено штетно бидејќи во стомакот нема друга храна што би го спречила дејството на киселината од кафето на желудочната слузница.
Сепак, научниците сè уште немаат пронајдено цврст доказ што го поврзува пиењето кафе на празен стомак со проблеми при варењето на храната.
Помал број луѓе се исклучително чувствителни и на најмалите количини кафе, па затоа реагираат прилично бурно. Симптомите вклучуваат киселини, болка во стомакот, па дури и повраќање.
На овие лица им се препорачува сосема да избегнуваат пиење кафе. Тоа е затоа што симптомите се исти без разлика дали кафето се пие на празен или полн стомак.
Најважно е да си го слушате телото и да обрнете внимание на тоа како реагира на одредена храна, вклучувајќи го и кафето. Ако почувствувате проблеми со варењето при консумирање кафе на празен стомак, но нема вакви симптоми кога пиете кафе после појадок, слушајте ги сигналите што ви ги испраќа вашето тело и прилагодете се според нив.
Влијанието на кафето врз нивото на „хормонот на стрес“
Еден од главните аргументи на противниците на консумирање кафе на празен стомак е дека на тој начин кафето влијае на зголемување на нивото на „хормонот на стресот“ – кортизолот.
На кортизолот му е даден епитетот „хормон на стресот“ поради зголеменото лачење во стресни ситуации. Бидејќи денес сите водат бурен и стресен начин на живот, не е изненадувачки што сè поголем број луѓе имаат трајно зголемени нивоа на кортизол. Тоа може да доведе до разни нарушувања и болести како што се:
- проблеми со тироидната жлезда
- дијабет
- висок крвен притисок
- дебелина
Интересно е што кафето го стимулира производството на кортизол. Но, неговата концентрација не се зголемува значително кај луѓето што редовно пијат кафе.
Исто така, недоволно студии потврдуваат дека пиењето кафе после оброк може да има ефект врз намалувањето на лачењето на кортизол. Всушност, ако пиете кафе ретко или повремено, секое зголемување на нивото на кортизол е краткотрајно.
Потенцијално негативни последици
Без разлика дали пиете кафе на празен стомак или откако ќе изедете нешто, кафето има и свои негативни страни.
Познато е дека кофеинот создава зависност, а некои луѓе може да бидат особено чувствителни. Таквата реакција е предизвикана од влијанието на кафето врз промената на хемијата на мозокот. Но, за тоа сепак се потребни поголеми количини од овој пијалок.
Консумирањето прекумерни количини кафе исто така може да придонесе за чувство на вознемиреност, немир, забрзано чукање на срцето, главоболки. Исто така може да има ефект и на зголемување на крвниот притисок.
Сепак, сè уште нема научни докази дека пиењето кафе на празен стомак ја зголемува зачестеноста или сериозноста на овие несакани ефекти.
Со оглед на сето ова, експертите сметаат дека внесувањето кофеин треба да биде ограничено на максимум 400mg, што е еквивалентно на 4-5 шолји кафе.
Исто така, последното кафе во денот не треба да се конзумира подоцна во попладневните часови поради ефектите на кофеинот што може да траат до 7 часа по консумирањето.
Важно е да се напомене дека кофеинот поминува низ плацентата. Може да дејствува дури до 16 часа по пиењето кафе. Затоа, на бремените жени им се препорачува да го намалат внесувањето на кофеински пијалоци до 200mg или една до две чаши.
Кога е време за првото кафе?
Многу луѓе сакаат да го започнат денот со голема шолја кафе. И покрај упорните совети на поединци, научната заедница нема цврсти докази дека пиењето кафе на празен стомак е штетно.
Всушност, пиењето кафе има ист ефект врз нашето тело без разлика дали го пиеме на празен стомак или после оброк.
Важно е да си го слушате телото, кое испраќа јасни пораки ако нешто не му одговара.
Затоа, ако имате проблеми со варењето при консумирање кафе на празен стомак, обидете се да го воведете вашиот прв утрински оброк пред омилениот ритуал.