Основни начела на јогата се : asana (положба), pranayama (дишење), опуштање, соодветна исхрана, позитивна мисла и медитација. На некои часови се користи практична медитација, мантри т.е зборови или звукови кои се повторуваат во себе и на глас.
Бенефитите од јога се многубројни. Делува на физичката состојба на телото, но и на емоционалната и психичка. Во модерно време, кога стресот е секојдневен, јогата се користи за лекување на разни психосоматски состојби како анксиозност, депресија, болки во грбот, главоболка и мигрена.
Покрај тоа што ги зајакнува и тонизира мускулите го одржува телото еластично и витко, јогата ја тренира човековата психа. Со други зборови, со изведување на одредени движења и нивно повторување, со соодветен ритам на дишење, градиме мускулна маса, но и ментална снага. Тоа води до подобрубање на крвоносниот систем и урамнотежување на телото и духот.
Без разлика на тоа кој стил на јога ќе го изберете, неоспорливи се нејзините позитивни ефекти врз здравјето:
- флексибилност – со изведување на серии асани, се растегнуваат мускулите и лигаментите и се зголемува подвижност на зглобовите,
- сила – практикување на некои динамични стилови на јога, како ashtangа или power joга, значајно помага во градење на мускулна маса,
- исправено држење на телото- со зголемена флексибилност и зајакнување на мускулатурата, доаѓа и подобро држење на телото,
- дишење – правилно дишење го зголемува капацитетот на белите дробови, акцентот е ставен на продлабочување на инспириумот,
- помала напнатост, поголема смиреност-дури и почетниците велат дека се помалку напнати после неколку часови јога,
- концентрација – истражувањата покажале и подобрување на концентрација кај лица кои постојано вежбаат,
- срце и крвоносен систем – се смета дека има поволен ефект врз срцето и крвните садови, го намалува крвниот притисок, успорува работа на срцето, регулира фрекфенција на срцето,
- останати бенефити – намалува болки во ‘рбетниот столб, помага при инсомнија,а некои сметаат дека ги ублажува симптомите на мултипла склероза.
Што е потребно за да почнеш?
За вежбање јога не е потребна никаква посебна опрема или облека, најчесто се вежба на подлога кој не се лизга. Се препорачува да вежбате без патики и чорапи за да не се лизгате за време на изведување на одредени асани. Најдобро време за јога е рано наутро, пред доручек или пред заоѓање на сонцето. Не се препорачува да вежбате два до три часа после јадење.
Ви предлагаме да усвоите барем неколку преопраки од јога-учителите кои може да ги применувате во секојдневниот живот, а тоа се:
- во секој момент кога ќе почувствувате напнатонст, вдишете длабоко и олабавете ги рамењата,
- кога одите, обрнете внимание на контактот на вашите стапала со подот и усмерете го вниманието кон дишењето,
- кога стоите подолго време, бидете свесни за својот инспириум и опуштете ги рамењата,
- додека седите или одите, држете го ‘рбетот исправен.