Исхрана

Јагоди-спректар на микронутритиенти за кои телото ќе ви биде благодарно

Покрај убавиот изглед и совршениот вкус, јагодите пружат цел спектар на микронутритиенти кои благотворно делуваат на здравјето на човекот.

Интересно е што, од ботаничка гледна точка, јагодите не припаѓаат ниту во група на овошје ниту на зеленчук, туку претставуваат зголемен и задебелен цвет на самото растение.

Нутритивна вредност на јагодите

Влијание врз здравјето

  • Регулација на ниво на гликоза во крвта

Неурамнотежена регулација на гликозата доведува до нагли промени на нивото на гликоза и последователно на тоа постои ризик од појава на дијабет тип 2 и кардиоваскуларни болести.

Консумација на јагоди, заедно со оброк богат со јаглехидрати, може да го забави нивното распаѓање и да ги намали ненадејните промени во нивото на гликоза и инсулин во крвта.

Реклама
  • Здраво срце

Науката вели дека постои поврзаност помеѓу консумација на јаткасти овошја и намалениот ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од истите.

Јагодите можат да го подобрат антиоксидативниот статус во крвта, да го намалат оксидативниот стрес и да ја подобрат функцијата на крвните садови такашто го намалуваат нивото на LDL-холестеролот (лош холестерол).

  • Малигни болести

Јагодите може да го успорат развојот на карцином во усната шуплина. Ова се должи на присуството на елагична киселина и елагитанин.

Јагоди во кујна

Најчесто ги консумираме во свеж облик или како составен дел на овошни колачи, пита, слатко, сладолед, смути, овошни сокови и коктели.

Похрабрите луѓе ги припремаат јагодите во солени специјалитети како ладни салати, салса, со месо или риба.

Без разлика во кој облик ги консумираме, пожелно е тоа да биде колку што е можно почесто.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button