Исхрана

Јадете бадеми за ја намалите видливоста на брчките

Новата студија, која користела техника за фотографирање со висока резолуција, покажува намалена ширина и изразување на брчки кај жени во менопауза, кои јаделе бадеми како дневна закуска.

Бадемите  се поврзани со многу здравствени придобивки, бидејќи се полни со витамини, минерали, протеини и растителни влакна.

Студијата вклучува 28 здрави жени во постменопауза со тип на кожа која е склона кон изгореници. Првата група на жени консумирале околу 60г. бадеми дневно, а втората група жени консумирале 60г. грицки, кои не содржат бадеми, дневно. Процена на состојбата била направена во првата недела и по 4, 8, 12 и 16 недела.

После 16 недели, кај жените од првата група ширината на брчките се намалила за 10% и изразот на брчките за 9%.

Резултатите од оваа студија посочуваат дека дневната консумација на бадеми може да игра улога во намалувањето на сериозноста на брчките кај жените во менопауза.  Храната како средство за промовирање на здравјето на кожата, т.е. идејата дека „здравјето доаѓа одвнатре“, станува сè поинтересно за оние кои бараат начини за здраво стареење, посочуваат лекарите. Бадемите се богат извор на витамин Е, антиоксиданс, кој помага во заштитата од оксидативниот стрес т.е ги штити клетките од воспалителни прроцеси и процес на стареење. Исто така содржат есенцијални масни киселини и полифеноли. Тие се паметен избор за квалитетна закуска  и се ветувачка храна што ја вклучуваме во здрава диета за стареење, особено за жени во менопауза.

Реклама

 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button