Исхрана

Науката потврди: Јаболката се најдобар избор за слабеење

Сигурно досега неколку пати сте ја слушнале фразата  „Јадете една јаболка на ден и ќе го држите докторот подалеку од вас“ или „One apple a day keeps the doctor away“ . Изгледа дека најновите медицински истражувања ја потрврдуваат оваа фраза.

Неколку причини зошто треба да јадете неколку јаболки на ден:

  1. Јаболките содржат анти-ејџинг (anti-aging) компоненти

Начинот на кој старееме  зависи од нашите гени, но колку брзо и (не)здраво старееме е во наша контрола. Научниците постојано трагаат по природен начин кој ќе го успори стареењето, така откриле дека фисетинот (полифенол од група на флавоноиди)  кој може да се најде во јаболката, јагодите, крастацици, кромид  итн. Има силен ефект.

  1. Богатство од растителни влакна

Храната богата со растителни влакна е важна за дигестивното здравје и за одржување на ниски нивоа на холестерол, како и превенција од срцеви заболувања, дијабетес  и обезност. Според истражувањата, една јаболка со лушпа содржи 4,4 грама солубилни влакна што, во зависност од вашата возраст, е околу 15% од дневните препорачани дози.

  1. Јаболката може да го намалат ризикот од астма

Го подобруваат пулмоналното здравје, воопшто и превенираат појава на астма. Истражувањарта покажале дека  кај луѓе кои јадат по 5 јаболка неделно е забележана подобра функција и состојба на белите дробови отколку кај луѓе чија исхрана не вклучува јаболка.

Реклама
  1. Одлични угаснувачи на жед

Дали знаете дека јаболката содржат 86% вода? Ако барате начин да останете хидрирани во текот на целиот ден, секогаш носете си со вас неколку јаболка.

  1. Јаболков оцет

Низ историјата, јаболковиот оцет бил природен лек за секаков здравствен проблем, од  болно грло, ослободување од киселини, па се до икање.

  1. Јаболките помагаат во намалување на килажа

Ова не е научна фантастика. Веќе спомнавме дека јаболката се богати со солубилни влакна и вода, не содржат масти или артифициелни состојки. Па,така, една чинија сецкани јаболка е попаметна нутрициска одлука отколку една  чоколада. Нутриционистите велат дека луѓе кои јадат 3 јаболка на ден имаат повеќе шанси за намалување на телесна тежина отколку оние кои не јадат.

  1. Јаболката имаат малку калории

Во зависност од големината, една јаболка просечно има околу 90 калории. Тоа е уште еден факт кој ви покажува дека помагаат при диета.

  1. Имаат цела палета на витамини и минерали

Јаболката содржат околу  14 % од дневните препорачани дози на витамин Ц и 5 % од витамин Б6, 2% витамин А, калциум и железо . Содржи 195 мг калиум, што всушност е 6% од дневните препорачани дози на калиум.

  1. Вкусни се и разновидни

Направете сок од јаболка, слатко или џем, испечете пита или желе, вкусете јаболка од различна боја- црвена, жолта, зелена.  Научете и некој солен рецепт во кои има јаболка или едноставно јадете ги свежи, тоа е нивната совршена форма.

 

И, без разлика за каква варијанта ќе се одлучите, јадете ја и лушпата,  таа е најбогата со витамини.

 

 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button