Бројот на заболени од хипертензија, односно покачен кврен притисок и кардиоваскуларни заболувања е во константен пораст.
Причини за тоа се неправилна исхрана, прекумерно внесување на сол и нездрав начин на живот. Затоа, во целиот свет се работи на превенција на кардиоваскуларни заболувања и тоа преку контрола на исхраната и воведување на здрав начин на живот.
Во основа на правилната исхрана и правилниот животен стил се умереност, разновидност и уремнотеженост.
За нашето поднебје природна е медитеранска прехрана, модел кој се темели на сезонски намирници и едноставни „сиромашни“ јадења.
Умерена консумација на месо, млеко и млечни производи, медитерански зачини и избегнување на индустриски преработени производи формираат модел на исхрана кој содржи мала количина на заситени масни киселини и сол, а консумација на риба и маслиново масло создаваат оптимален внес на омега-3, 6 и 9 незаситени масни киселини кои го чуваат срцето.
Исто така, за здрав кардиоваскуларен систем придонесуваат и антиоксиданси и биоактивни состојки како на пример овошје и зеленчук.
Внимавајте на солта
Солта е позната како минерал на животот, но во последно време нејзината распространетост и се поголемата употреба. Прехрамбената индустрија, ја направија солта главен виновник за висок крвен притисок и срцеви заболувања.
Просечно дневниот внес на сол во разни облици е околу 10 до 13 г/ден. Тоа е двапати повеќе отколку препораките на СЗО.
Природните намирници содржат само 10 до 15% од вкупниот внес на натриум, додека преработените производи (паштети, намази, сувомесни производи, какси и грицки) содржат повеќе од 70 % од вкупен внес на натриум во организмот, чија прекумерна количина има негативни ефекти врз КВС.
Се препорачува
Во превенција, како и во лечењето на кардиоваскуларни заболувања особено важна е физичката активност.
Препораките наведуваат секојдневно минимум 60 минути физичка активност. Но секако не смеат да се занемарат добриот сон, дневен одмор и антистресни активности.
Исто така, омега-3 масните киселини се покажале како важен тераписки концепт во лечење на кардиоваскуларни заболувања.
Спречуваат згрутчување на крвта и настанување на тромби кои водат до срцеви и мозочни удари. За да го одржиме нивото на омега-3 масни киселини на поволно ниво рамно на омега-6 кои многу повеќе ги внесуваме секојдневно, исхраната треба да ни биде базирана на внесување на повеќе риби и морски алги, кои и не се така чести во нашата исхрана.
Поради тоа за луѓе со кардиоваскуларни заболувања, а и за превенција се препорачуваат додатоци за прехрана кои секојдневно обезбедуваат потребен внес на омега-3.