ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Совети и рецепти за правилна исхрана во бременоста

Дали знаете дека она што го јадете додека сте бремени, може да се одрази на вашето здравје и на здравјето на вашето бебе?

Ако досега не внимававте на тоа вашата исхрана да биде здрава, сега кога сте бремени, е крајно време да почнете. Запомнете дека вашето бебе нема друг извор на храна, освен она што доаѓа преку вас.

Вашите оброци треба да бидат составени од разновидна храна, која ќе вклучува:

Добро е да ги намалите грицките, слатките и другите нездрави прехранбени продукти. Обидете се да ги замените со овошје или зеленчук. На тој начин ќе го избегнете претераното качување на телесната тежина во текот на бременоста.

Вашиот апетит ќе се менува во различните фази на бременоста и ќе ви биде индикатор за тоа колку храна ќе треба да внесувате.

Во првото тромесечие апетитот може и да се намали, во второто тромесечие може да се врати на нивото пред бременоста, а во третото веројатно ќе биде значително поголем.

Не се оптоварувајте со промените на апетитот и следете го правилото да јадете тогаш кога сте гладни.

Доколку патите од киселини или мачнини, обидете се да јадете повеќе помали оброци, наместо 3 поголеми.

Што да јадете?

Овие моќни намирници се полни со витамини и нутритиенти кои го чуваат здравјето на идните мајки и на бебето во текот на бременоста, но и подоцна:

Еве неколку рецепти кои може да ги пробате

Здраво и вкусно-овесна каша со праски

Лесна протеинска салата со наут

Овесна каша – Чизкејк со јагоди

Протеински палачинки-совршен нискокалоричен десерт

Exit mobile version