Ишијас: Трендот на ова заболување расте поради физичка неактивност

Ишијас: Трендот на ова заболување расте поради физичка неактивност

Ишијас е термин кој се однесува на болки во долниот дел на грбот, а настанува кога ќе дојде до воспаление на нервот ишијадикус (n. ischiadicus).
Нервот ишијадикус започнува од долниот дел на грбот и се протега кон двете нозе. Кога ќе се воспали, поради повреда или притисок врз самиот нерв, предизвикува болка во лумбалниот дел на грбот која може да се прошири кон колковите, задникот и нозете.

Други термини кои се користат:  ишијалгија и лумбоишијалгија.

Зошто настанува ишијас?

Најчесто настанува кога еден од петте рбетни корени на овој нерв е „нагмечен“, но ишијасот може да биде и симптом на други болести.

  • Кај млади пациенти најчесто е поврзан со дискус хернија, каде што дискалната содржина прави притисок врз нервот и доведува до негово воспаление.
  • Кај постари пациенти стареењето и последичните дегенеративни промени на интервертебралниот дискус или оштетувања на самите пршлени доведуваат до притисок врз коренот на n. ischiadicus.

Исто така, подигнување на голема тежина во незгодна положба на телото е тригер за појава на болка во грбот и воспаление на нервот.

Најчести предизвикувачи на ишијас

  • Хернија на меѓупршленскиот дел од ‘рбетот;
  • Повреда/траума на слабинскиот дел од грбот;
  • Артритис;
  • Дискус хернија;
  • Стеноза на спинален канал;
  • Инфекции;
  • Тумори;
  • Бременост;

Ризик фактори

  • Возраст;
  • Гојазност;
  • Долготрајно седење во една положба;
  • Дијабетес;

Симптоми на ишијас

Главен симптом е болка во лумбалниот дел на кичмата која може да се прошири по должина на нервот.

Болката варира од умерена и тапа до остра и нагла, а се интензивира при нагли движења или напрегање (смеење, кашлање, кивање).

Освен болка, чести симптоми се:

  • Парестезија;
  • Хипостезија;
  • Намален или отсутен Ахилов рефлекс;
  • Хипотонија(слабост) на мускулите;
  • Неможност за стоење на прсти и пети;
  • Ограничени движења на кичмата;
  • Отежнато движење на нозете и отежнат од;

Дијагноза

Покрај клиничката слика на пациентот, за да се дијагностицира ишијас, се користат и следниве:

  • Магнетна резонанца (МР);
  • Електромионеврографија (ЕМНГ);
  • Х-зраци (Х-зраци);
  • Компјутерска томографија (КТ);
  • Миелографија;

Кога да се јавите на лекар?

Треба да се консултирате со лекар ако болката во долниот дел на грбот трае повеќе од една недела, ако болката е интензивна или ако се влошува.

Веднаш побарајте медицинска помош ако:

  • Почувствувајте ненадејна, силна болка во лумбалниот регион на грбот или ногата и чувство на мускулна слабост и намалена чувствителност во оваа регија.
  • Болката е придружена со насилна повреда (на пр. по сообраќајна несреќа).
  • Имате проблеми со контрола на дебелото црево или мочниот меур.

AM

Коментари