ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Ишијас: третман и превенција

Акутната болна фаза на ишијас бара итна терапија поради сериозноста на болката, што во многу случаи е неподнослива.

Најефективната мерка е инфилтрација на паравертебралните мускули во близина на болните точки со аналгетици и кортикостероиди. По инфилтрација, лумбалниот регион треба да се загрева со топол термофор. Корисна е и употреба на мускулни релаксанти со седативно дејство. Често се даваат инјекции со витамин Б1, Б6 и Б12.

Во акутната фаза, најкорисно е да се постави пациентот во лежечка положба со натколениците во вертикална и потколениците во хоризонтална положба – позиција на Вилијамс.

Откако болката ќе се смири, се применува физикална терапија со цел зајакнување на паравертебралните мускули. Пациентот треба да се советува:

Ако има нарушување на функцијата  сфинктерот и потенцијата, значителна мускулна слабост и атрофија, знаци на компресија на ‘рбетниот мозок или долготрајна болка, потребна е хируршка интервенција.

Колку трае ишијасот?

Болката што произлегува од ишијас може да биде акутна или хронична.

Епизодата на акутна болка може да трае една до две недели и обично потоа целосно се повлекува. Епизоди на акутна болка може да се повторат подоцна.

Акутната болка може да се претвори во хронична болка, а при тоа болката е доста честа и тоа е синдром кој може да трае цел живот. Сепак, хроничната болка е обично поблага од акутната.

Лекарите што ви требаат при лекување и дијагностицирање:

Превенција

Иако не е секогаш можно да се спречи болка во лумбосакралниот дел, постојат ефективни начини да го заштитите грбот и да ги намалите проблемите со болка или рекурентните епизоди на ишијас:

Exit mobile version