Исхрана

Дали сте помалку толерантни на јаглехидратите? Што значи тоа и како да се препознае?

Ако сте се бореле со прекумерна тежина во минатото или сè уште ја водите таа битка, постои голема веројатност да сте чувствителни или интолерантни на јаглехидрати.

Што точно значи тоа?

Изненадувачкo e сознанието дека има луѓе кои се интолерантни на јаглехидрати и имаат прекумерна физиолошка реакција на шеќери и јаглехидрати.

Интензивно копнеат по скроб и слатки, а се карактеризираат со неможност да се заситат доволно, што доведува до прејадување и резултира со брзо складирање на маснотии.

Да, таква силна реакција на јаглехидрати навистина постои и може нарече зависност од јаглехидрати.

Реклама

Ако се сомневате дека и вие спаѓате во оваа група, постои начин да утврдите дали имате и симптоми карактеристични за овој вид преосетливост.

Симптоми

Ако сте гојазни, некој во вашето семејство има дијабетес тип 2, особено родители или браќа и сестри или често копнеете по слатки или скроб, треба да помислите за овој вид пречувствителност и да го проверите.

Јадете кога сте под стрес и најмногу се дебелеете во абдоминалната регија или имате потреба да спиете еден час откако сте јаделе грицки или оброк богат со јаглехидрати, исто така може да укаже на оваа чувствителност.

Некои од симптомите се дека кога јадете меѓуоброк богат со јаглехидрати, имате проблеми со ограничување на количината што ќе ја изедете или често се чувствувате гладни после јадењетто.

Ова е еден од начините на кој можете сами да проверите дали имате преосетливост.Но, тест на крвта е сè уште најмеродавен како и разговор со лекар. Тоа ќе ви помогне да ја контролирате вашата чувствителност на јаглехидрати, односно да ги внесувате вистинските состојки.


ам

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button