Рецепти

Интегрален ролат со мед и јагоди-здрав и лесен за подготовка

Потребни состојки:

За тесто:

  • 4 јајца- издвоени белки и жолчки
  • прстофат сол
  • 50 г. кокосов шеќер (може и мусковадо- светол кафеав шеќер)
  • 75 г. интегрално пченично брашно

За фил:

  • 250 г. маскарпоне
  • 150 г. милерам павлака
  • 1 лажичка екстракт од ванила или прстофат ванила во прав
  • 75-100 г. мед, може и повеќе, по ваш избор
  • 200 г. јагоди + за декорација

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја фурната на 170°C, а плехот обложете го со хартија за печење.
  2. Жолчките изматете ги со шеќер додека не добиете густа смеса. Додадете го брашното и кратко промешајте со миксер.
  3. Белките изматете ги со солта додека не добиете цврст фил. 1/3 од филот измешајте го со веќе изматените жолчки. Потоа соединете ги двата фила полека и постепено мешајте.
  4. Префрлете во калап и печете 8-10 минути.
  5. Извадете го тестото заедно со хартијата за печење и оставете да се олади.
  6. Маскарпонето, милерамот и ванилата изматете ги со миксер и потоа додадете мед.
  7. Оладеното тесто намачкајте го со 2/3 од филот и покријте со сецкани јадоди.Замотајте го ролатот и премачкајте го со остатокот од филот и додадете го остатокот од јагодите или друго овошје по желба. Добар апетит!

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button