Исхрана

Моќта на храната богата со антиоксиданси

Антиоксидансите се хемиски супстанции кои можат да спречат оштетување на клетки и ткива од оксидативен стрес и слободни радикали. Aнтиоксидансите се хранливи материи (витамини и минерали), како и ензимите (протеини во телото кои учествуваат во хемиските реакции). Уште се нарекуваат молекули способни за инхибиција на оксидацијата на другите молекули.

Имаат неверојатна заштитна улога против хроничните болести како што се :  срцеви заболувања, мозочен удар, Алцхајмерова болест, рак,  ревматоиден артритис, катаракта и многу други.

Природните антиоксиданси се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, морските растенија и морските плодови кои се хранат со морските растенија. Постојат илјадници антиоксидантни соединенија, а најчести се витамините А, Ц и Е, бета-каротен и ликопен.

 

Механизам на дејство

Реклама

 Секое соединение кое може да донира електрони и на тој начин да ги неутрализира слободните радикали има антиоксидативни својства. Антиоксидансите дејствуваат на три различни начини:

  1. тие може да ја намалат енергијата на слободните радикали,
  2. да го спречат нивното создавање,
  3. да ја прекинат верижната реакција на оксидација.

 

Храна богата со антиоксиданси:

Домати

Доматите се преполни со ликопен, што спаѓа во група антиоксиданти наречени каротеноиди. Ќе добиете многу ликопен, јадејќи свежи домати. Но, исто така можете да направите сос од домати или да ги јадете со малку масло.

Лук

Антиоксидативното дејство на лукот се состои во алицинот, на кој му се потребни неколку минути за да започне да делува. Оставете го смелениот лук да отстои пред да го додадете во храната. Ако планирате да го готвите, задржете се на температурата под 140 степени или додадете го лукот сосема на крај. Не претерувајте! Премногу лук може да ви наштети на желудникот и на крвниот притисок, а и ќе имате непријатен мирис на здивот и телото.

Темно чоколадо

Љубители на чоколадите, радувајте се. Вашиот омилен сладок третман дава антиоксиданти. Клучот е какаото, затоа изберете темно чоколадо наместо млечно или бело. Сепак, уживајте во умерени количини, бидејќи чоколадните бонбони се богати со маснотии и шеќер.

Кафе

Таа утринска чаша кафе прави повеќе отколку „расонување“. Антиоксидансите што ги содржи кафето помагаат да се избегне оштетувањето на клетките. Не додавајте крем или шеќер, кои имаат дополнителни калории. За да избегнете преоптоварување со кофеин, ограничете се на три до максимум четири шолји кафе дневно.

Ореви

Спородено со други јаткасти полодови, оревите содржат најмногу полифеноли, вид на антиоксиданси. Може да изедете само 7 ореви и да имате здрав бенефит. Најдобро е живи ореви, печењето  може да го намали антиоксидативното дејство.

Шумски плодови

Именувајте зрнест плод и тој веројатно е добар извор на антиоксиданти. Боровинки, брусница, јагоди, капини, малини, сите се на врвот на списокот на овошја богати со антиоксиданти. Шумските плодови имаат малку калории и богати се  со растителни влакна. Доволна ви е една полна шака замрзнати или свежи шумски плодови на ден.

Црвена пиперка

Белите пиперки се добар извор на антиоксиданти, но црвените пиперки ја земаат наградата. Тие се полни со каротеноиди кои можат да помогнат во спречување на одредени видови на карциноми. Тие се доволно слатки за да се уживаат свежи, а  така најдобро ги испорачуваат своите антиоксиданти.

Слатки компири

Портокаловата нијанса на слатки компири ги прави одличен извор на бета-каротин, антиоксиданс кој помага во избегнување на многу заболувања. Печете ги во рерна или микробранова печка со лушпа за да ја зачуваат својата моќ да се борат со слободните радикали.

 Вино

Супстанција во црвено вино наречена ресвератрол може да помогне во заштитата на срцето и  крвните садови. Ист бенефит можете да ја добиете и без алкохол, јадејќи свежо црвено грозје. Но, ако чаша вино е дел од вашата вечерна рутина, убаво е да знаете дека може да ви даде антиоксидантно зајакнување.

Интересен факт поврзан со расвератролот од црвеното вино е така наречениот „Француски парадокс“. Според многу научни и епидемиолошки истражувања докажано е дека Французите консумитаат храна богата  со заситени масни киселини, пушат цигари, имаат мала физичка активност,ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања, исто како и Американците, а имаат сигнификантно помал ризик за развој на кардиоваскуларни(КВС) заболувања,  36%, споредено со 75% кај Американците. Научниците откриле дека овој мал ризик од КВС заболувања кај Французите се должи на антиоксидативното дејство на расвератролот од црвеното вино кои тие редовно и секојдневно го консумитаат.
Сепак,не претерувајте,задржете се на една до две чаши црвено вино дневно.

 

Без разлика дали ќе внесувате антиоксиданси преку овошје,зеленчук и други продукти или препарати и додатоци на исхраната,важно е да бидат составен дел од вашата секојдневна исхрана.

 

 

 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button