Здравје кај жениИнфективни болести

Што е ХПВ вирус и како влијае на женското репродуктивно здравје?

 

ХПВ (хуман папилома вирус) е сексуално пренослива болест и се смета за еден од клучните причини за рак на грлото на матката.  Постојат повеќе од 150 различни видови на ХПВ, но не сите видови на ХПВ се подеднакво опасни. ХПВ вирусот може да го имаат и жени и мажи. Веројатноста дека една жена, која има сексуални односи, ќе биде заразена со ХПВ барем еднаш во текот на животот е повеќе од 90 проценти, додека пак кај мажите е повеќе од 80 проценти.

Најчестите видови со висок ризик на ХПВ (16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 68) можат да предизвикаат аномалии од висок степен, т.е. стадиум пред канцер и самиот канцер. Ракот на грлото на матката најчесто е предизвикан од високо ризични типови на ХПВ 16 и 18. Најчестите типови на ниско ризичен ХПВ вирус се (6, 11, 42, 43 и 44)  и тие  предизвикуваат аномалии со низок степен и брадавици на гениталиите. Кожните типови на ХПВ (1, 2, 4, 26, 27, 29, 41, 57, 3, 10, 27, 28, 41, 49) предизвикуваат брадавици на кожата на рацете, нозете, вратот и другите делови на телото. Во повеќето случаи, болеста може да се спречи во рана фаза, ако навремено се откријат и третираат промените.

Инфекцијата може да резултира со формирање на бенигни тумори на кожата и на мукозните мембрани, кои ги нарекуваме кондиломи или брадавици на гениталиите. Освен во пределот на гениталиите и перианалното подрачје, брадавиците можат да се појават во областа на окото, носот, устата и гркланот.

Во зависност од местото и колку од нив имаат израснато, брадавиците на гениталиите можат да бидат болни и да предизвикаат чешање. Во случаи кога брадавиците се мали и не можат да се видат со со око , потребна е и колпоскопија – односно преглед со инструмент со лупа што помага да се детектираат брадавици на вагиналната мукоза или грлото на матката.

Реклама

Долготрајната нелекувана ХПВ инфекција од високо ризична група, покрај рак на грлото на матката, може да предизвика и рак на вулвата, вагината, грлото, анусот и пенисот.

Како се пренесува ХПВ?

ХПВ инфекцијата е прилично честа и кај мажите и кај жените кои се сексуално активни, па затоа и најчестиот пат за пренос на ХПВ е преку сексуален однос (анален, вагинален однос и орален) или други контакти при кои има допир на мукозите и кожите.

Но, не сите видови на ХПВ се ризични и резултираат со рак.  Типовите со низок ризик полесно се пренесуваат од типовите со висок ризик, но и голема улога во сето ова има и имунолошкиот систем. ХПВ инфекцијата е обично асимптоматска, па заразеното лице дури и не знае дека е заразено и дека ја пренесува инфекцијата.

Рак се развие кај еден до 15 проценти од жените заразени со ХПВ кои не ја третираат хроничната инфекција.

Како ХПВ вирусот влијае врз здравјето на жените?

Младите девојки кои се на хормонална контрацепција и се анемични и јадат нередовно и нездраво имаат зголемен ризик од ХПВ. Исто така, жените кои веќе имале една од сексуално преносливите болести (хламидија, гонореја, сифилис или ХИВ инфекција) имаат зголемен ризик од развој на рак на грлото на матката.

Пушењето е фактор кој значително влијае на можноста за развој на болеста и од сите овие ризици, локалниот и општиот имунолошки систем е нарушен, а тој е клучен за борбата на организмот против вирусни инфекции. Кај инфекции на женскиот репродуктивен систем, интегритетот на мукозата е нарушен. А, вирусот ХПВ делува при оштетена мукоза, со што ги инфицира клетките што се делат и се наоѓаат долж основната мембрана. Иако ХПВ не е показател за промискуитетен начин на живот, сексуалното одговорно однесување е клучно


М.Д

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button