ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Третман на HER2 и карцином на дојка

Herceptin е рекомбинантно хуманизирано IgG1 моноклонално антитело кое делува против рецепторот на HER2 и кое целно се врзува за екстрацелуларниот субдомен IV на HER2 рецепторот со што ја спречува неговата димеризација и на тој начин се инхибира каскадниот пренос на сигналот.

Туморските клетки растат на неконтролиран начин. Herceptin  делува на површината на тумор клетките преку инхибирање на хемиските сигнли кои го стимулираат неконтролираниот раст.

Индикации за лекување со херцептин

Herceptin  е третман од избор за рак на дојка во рана фаза кој е хуман епидермален фактор на раст рецептор 2 позитивен (HER2 +) и се шири во лимфните јазли или е HER2-позитивен и не се шири во лимфните јазли. Се употребува и за метастазиран карцином во желудник и езофагус.

Несакани дејства од Херцептин

Како изглета третманот со херцептин?

Херцептин се прима во здравствена установа.

Може да се даде на два начина:

Кога пациентот за прв пат прима херцептин, треба да остане во болница околу 6 часа за да се мониторира неговата состојба и да се превенираат какви било несакани ефекти. За понатамошните третмани, доволно е пациентот да остане само 2 часа во болница.

Доколку се третира карцином на дојка, третманот треба да биде на секои 1 или 3 недели. Ракот на желудникот и хранопроводот обично се третира еднаш на секои 3 недели.

Рак на дојка во рана фаза ќе треба да се третира најмалку една 1 година.

Терапијата со Herceptin се прима по претходна консултација со лекар.

Exit mobile version