Грип сезоната е на прагот. Како да се заштитиме себеси и нашите најблиски ?!

Грип сезоната е на прагот. Како да се заштитиме себеси и нашите најблиски ?!

Епидемијата на грип е на повидок, а со оглед на ситуацијата во којашто се наоѓаме и пандемијата со која се соочуваме, ви препорачуваме неколку неопходни намирници кои можат да помогнат во спречување и борба против грипот.

Уште во 19век Луј Пастер открил дека микроорганизмите се одговорни за појавата на инфекции, а потоа сфатил дека најефикасна стратегија за одбрана е зајакнување на организмот, а не уништување на тие што го напаѓаат. Имунолошкиот систем е исклучително добро прилагоден, одбранбен ентитет кој се состои од мноштво клетки и молекули способни да препознаат и да елиминираат разни страни тела. Одржувањето на здрав и силен имунолошки систем е од суштинско значење во текот на целата година, но особено е важно за време на есента и зимата. Затоа, треба навреме да се обезбеди стратегија со која би го зајакнале имунолошкиот систем, пред да подлегнеме на ослабување на истиот.

Најдобар начин за одржување на добра функција на имунолошкиот систем е да консумирате добро балансирана исхрана, да практикувате редовна умерена физичка активност, да го намалите и избегнувате стресот како и наглото слабеење и да обезбедите квалитетен сон.

Важноста на витамини и минералите

Антиоксидансите, односно витамините А, Ц, Е, минералите како  селен, бакар и цинк и многу фитохемикалии, работат заедно и го намалуваат нивото на токсични материи во ткивата и крвта. Најдобро е да се снабдувате со антиоксиданси преку адекватен внес на зеленчук и овошје. Консумирајте најмалку 5 порции овошје и зеленчук на ден! За време на периодот на грип и настинка, потребни ни се дополнителни количини на витамини и некои минерали кои ќе не заштитат од инфекции и ќе го скратат времетраењето на грипот и настинката. Витамин Ц и А, како и цинкот се особено важни.

Природата мудро ги „спакувала“ потребните количини на витамин Ц во зимската овошки како портокали, лимони, мандарини и калинки, кои треба да се консумираат често за време на настинки и грип. Најдобар диетален извор на цинк се месото, јајцата и мешунките, а витаминот А го содржи портокаловото и црвено овошје и зеленчук, млекото, црниот дроб и маслото од риба.

Неколку неизбежни навики кои треба да ги практикувате во секоја “грип” сезона:
  • Уште при првиот знак на настинка и грип, започнете да земате витамин Ц и цинк.
  • Набавете си квалитетни производи со оптимална количина на витамини и минерали.
  • Пијте доволно течности (чаеви, сокови, супи, вода) особено ако имате треска.
  • Чаевите се одличен сојузник во борбата против грип и настинка. Имајте на ум дека витаминот Ц и медот треба да се додаваат во чајот само кога ќе се олади за да не се уништат хранливите состојки.
  • Јадете балансирана исхрана богата со овошје, зеленчук, цели зрна и ниско ниво на едноставни шеќери и заситени масти со цел да ги зајакнете имуните функции на организмот.
  • Консумирајте лук и кромид бидејќи содржат природни материи со дејство слично на дејството на антибиотиците кои имаат корисен ефект врз имунитетот.
  • Јадете пилешка супа! Таа во себе поседува благи антибиотички и деконгестивни својства.
  • Почесто проветрувајте ја просторијата.
  • Одржувајте лична хигена и почесто мијте ги рацете затоа што ја намалувате можноста да се заразите себеси и другите.

МД

Коментари