Ставете крај на бебешките грчеви и непроспиените ноќи

Ставете крај на бебешките грчеви и непроспиените ноќи

Kај доенчињата најчестата причина за вознемиреност се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првиот месец од животот и траат вообичаено до крајот на четвртиот месец.

Покрај коликите причина за интензивен плач на детето може да биде и негова глад што се компензира со дохрана со адаптирана формула кога е детето на мајчино млеко или со зголемен внес на адаптирано млеко кај деца кои се само на вештачка исхрана. Во секој случај главна причина е создавањето на гасови во дигестивниот систем, кои потоа предизвикуваат грчеви, плачење и непроспиени ноќи.

Кои се симптомите и кога се појавуваат?

За колики зборуваме ако:

  • бебето плаче подолго од три часа дневно најмалку три пати неделно,
  • ги мрда и прета со нозете, ги витка нозете и ги истегнува,
  • ги стега рацете во тупаници,
  • има гасови,
  • плачот на бебето навистина звучи болно.

Како да му помогнете на бебето?

За бебето може да се користат вежби со нозете, како благо свиткување кон стомакот, држење на бебето на страна или на стомак. Се препорачува да му се зборува на бебето, да се земе во раце, но, не е сосема јасно дали овие активности имаат навистина некаков ефект или е само плацебо.

Постојат и некои лекови кои може да се дадат за смирување на коликите, но треба да се напомене дека не постојат лекови кои се и апсолутно безбедни и ефикасни во лекувањето на коликите.

Дополнителни совети:

  • Хранете го бебето пред да огладни и пред да почне да плаче. Со плачењето, бебето ќе проголта повеќе воздух. Исто така, не претерувајте со соковите. Големите количества сок можат да предизвикаат дуење на стомачето и пролив.
  • На долниот дел на стомачето ставете топла облога. На тој начин ќе го поттикнете ослободувањето на гасовите.
  • После доење исправете го бебето да ждригне за да се ослободи од вишокот воздух.
  • Консултирајте се со педијатар доколку оваа состојба трае подолго време и ништо од наведеното нема ефект.

 

Коментари