КожаСтручна Помош

д-р Т. Поповски: Градба на кожата

Кожата е најволуменозниот, повеќеслоен, плоснат орган, кој во целост го покрива човековиот организам. Со својата комплексна, високоспецијализирана градба и функција создава специјална барера што го штити организомт од надворешни фактори и овозможува за одржувањето на хомеостазата на човечкиот организам. Структурните како и функционалните карактеристики на кожата во најголем дел се генетски одредени, но силно зависат од општата состојба на организмот, а во текот на животот се физиолошки менливи.

Кај возрасен човек, зависно од негоавата конституција, кожата има вкупна површина од 1,2-2,2м2 или просечно 1,7м2 , а нејзината тежина достигнува до 20% од вкупната телесна тежина.

Дебилината е варијабилна, во зависност од локализацијата на телото и се движи помеѓу 0,4 и 4мм.

Повеќеслојноста на кожата е микроскопски препознатлива, но функционално неделива и одејќи од површина кон длабочина, се состои од три слоја:

-Epidermis (епидерм)

Реклама

Најповршен слој на кожата и преставува контнуирано обновувачки слој.

– Dermis (дерм)

Втор и најголем дел од кожата, дебел 2-3мм. Тука се сместени добро познатите колагени и еластични влакна, кои се директно поврзани со виталноста и еластичноста на кожата.

– Hypodermis (хиподерм)

Хиподермот или третиот слој, ги содржи крвните, лимфни садови, нерви кои се сместени меѓу адипозните лобулуси. Масното ткиво варира на различни делови, во зависност од регијата на телото како и полот.

д-р Т.Поповски

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button