Онихомикоза (гливици) е состојба која е дефинирана како габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Ова не е само естетски проблем. Онихомикозата е непријатна и понекогаш болна, а пред се може да се пренесе и на други лица.
Се претпоставува дека причини за настанување се носење на тесни патики и потење во комбинација со ударање на ноктот во врвот од патиките.
Ви предлагаме да го испробате овој природен рецепт кој до сега се покажал како најефикасен.
За третманот ви е потребно:
- вода,
- една шолја јаболков оцет,
- 4-5 лажички сода бикарбон,
- хартиени марамчиња, салвети и сл.
Начин на примена:
Сипајте една шолја јаболков оцет во сад наполнет со вода. Потопете ги стапалата во садот 15 минути,а потоа избришете ги нозете. Следно што треба да направите е повторно да ги потопите ноете во нов сад со вода во кој претходно сте раствориле 4-5 лажички сода бикарбона.
На овој начин оцетот ќе ги убие гливиците, а сода бикарбоната ќе ја неутрализира киселоста.
Повторувајте го овој третман два пати дневно.