Кожа

Најефикасен природен лек за гливици на ноктите

 

Онихомикоза (гливици) е состојба која е дефинирана како габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Ова не е само естетски проблем. Онихомикозата е непријатна и понекогаш болна, а пред се може да се пренесе и на други лица.

Се претпоставува дека причини за настанување се носење на тесни патики и потење во комбинација со ударање на ноктот во врвот од патиките.

Ви предлагаме да го испробате овој природен рецепт кој до сега се покажал како најефикасен.

За третманот ви е потребно:

Реклама biskviti za deca
  • вода,
  • една шолја јаболков оцет,
  • 4-5 лажички сода бикарбон,
  • хартиени марамчиња, салвети и сл.

 

Начин на примена:

Сипајте една шолја јаболков оцет во сад наполнет со вода. Потопете ги стапалата во садот 15 минути,а потоа избришете ги нозете. Следно што треба да направите е повторно да ги потопите ноете во нов сад со вода во кој претходно сте раствориле 4-5 лажички сода бикарбона.

На овој начин оцетот ќе ги убие гливиците, а сода бикарбоната ќе ја неутрализира киселоста.

Повторувајте го овој третман два пати дневно.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button