ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

д-р Марија Јованоска: Главоболка – сигнал за телесно пореметување

Главоболката претставува еден од најчестите симптоми со кои се среќаваме во секојдневниот живот, но мошне често е и пропратен симптом на многу болести.

Под главоболка се подразбира болка во главата, постојана или повремена, ретка или зачестена, болка која ја зафаќа целата глава или локaлизирана на едно место.

Поради главоболка, без оглед на природата, местото и причината на болката, на лекар се јавуваат околу половина од сите болни. Затоа решавањето на неа за лекарот е особено важен проблем.

Иако главоболката е чест симптом, за среќа не претставува знак за некоја опасна болест. Во 90% од случаите е симптом на благо пореметување кое релативно лесно може да се отстрани. Се смета дека 15-20% од сите луѓе патат од трајни главоболки или пак повремени главоболки. Нејзината појава е најчеста во период помеѓу 25 и 65 години од животот и тоа почесто кај жените.

Постојат неколку видови главоболки.

Мигрена

Бенигна главоболка која трае од четири до 72 часа. Има карактер на пулсирачка умерена до силна болка. Кај една третина од мигренските напади, болката се јавува на обете страни од главата. Мигренозните главоболки се придружени со гадење и/или повраќање и чувствителност на светлина и бучава.

Третман: голем број пациенти со мигрена почувствувале ослеснување на болката со консумирање на омега-3 масни киселини, витамин Б12 (рибофлавин) и магнезиум.

Тензиона главоболка

Тоа е највообичаениот тип на болка кој се манифестира со постојан притисок или болка околу главата, главно во задниот дел и вратот или рамената. Најчесто се намалува со земањето аналгетици.

Овој тип на главоболка трае од неколку часа до неколку дена и не се влошува за време на физички напор или активност. Најчесто е резултат на стрес, затоа одморот или спиењето во тивка, темна просторија може да биде корисно. Исто така и комбинација на масло од нане и ѓумбир може да биде од корист.

Кластер главоболка

Релативно редок облик на главоболка кој се смета за најболен. Болката е најчеста во челото, зад окото или во предел на слепоочниците. Локализирана од едната страна на главата, не се шири во другата половина на главата ниту пак ја менува страната. Оваа главоболка е пет пати почеста кај мажите.

Третман: Кремот со капсаицин се нанесува во ноздрата (мала количина), а со тоа ќе се предизвика еден вид бариера на сигналите за нервна болка.

Секундарна главоболка

Се јавува како резултат на заболувања на синуси, крвни садови, нерви, мозочно ткиво – било да се тоа воспалителни промени, метаболички нарушувања, повреди на главата, тумори или патологии на крвните садови.

Секундарните главоболки може да наликуваат на тензиона главоболка или мигрената.

Третман: консумирајте течности колку повеќе можете. Може да правите и инхалации со топла вода кои ќе помогнат да се намали воспалението и да се отворат синусите.

Консумирајте портокали и друга храна богата со витамин Ц или пијте зелен чај со лимон, бидејќи витаминот Ц и антиоксидатите ќе му помогнат на телото да се избори со инфекциите.

д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Exit mobile version