Ѓумбирот (Zingiber officinale) е едногодишно растение кое потекнува од Азија и има долга историја на употреба како зачин во здравата исхрана.
Се користело како храна и лек дури илјадници години пред нашата ера и се смета за првиот зачин со кој биле запознаени Европјаните.
Свеж ѓумбир
Помага при:
- намалување на високиот холестерол
- одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир
- намалување подуеноста на стомакот
- олеснување на тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови
- обновување на цревната флора
- нередовната столица
- ублажување на главоболка и мигрената
Начин на употреба: Свежиот ѓумбир е добар за консумација откако добро ќе се измие и излупи. Исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.
Ѓумбир во прав
Помага при:
- ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав
- неутрализирање на желудочните киселини
- нормална работа на дигестивниот систем
- воспалителни болести
- ублажување на болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка
- забавување на растот на канцерогените тумори ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање
- забрзување на циркулацијата
- згрутчувањето на крвта
- опуштање на уморните мускули
Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.
Состав
Сировиот ѓумбир се состои од 79% вода, 18% јаглехидрати, 2% белковини и 1% масти. Секои 100 грама ѓумбир имаат 80 калории и содржат умерени количества на витамин Б6 (12% од дневниот внос- ДВ) и минералите магнезиум (12% ДВ) и манган (11% ДВ), а во друг поглед имаат ниска хранлива вредност.
Кога е во сомелен облик, една кафена лажичка (5 грама) содржи 9% вода и занемарливи хранливи состојки, со исклучок на манган (70% ДВ).
Консумирајте ѓумбир умерено, не повеќе од 4 грама дневно.