ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Гихт: причини, симптоми и лекување на ,,болеста на менаџерите”

Гихот е метаболична болест предизвикана од зголемените вредности на мочната киселина во серумот.

Ова се нарекува хиперглеукемија и е последица на зголемената продукција или намалената елиминација на мочната киселина во организмот.

Зголемена продукција има при:

Намалена елиминација на мочната киселина има при:

Најчесто се јавува кај мажи во средни години (90-95 % од заболените), а кај жените поретко во менопауза (само 5-10% од заболените).

Болеста често се поврзува со луѓето на високи позиции во бизнисот кои имаат пристап до високо калорична храна и алкохол. Затоа, гихтот се нарекува и ,,болест на менаџерите”.

Како се манифестира?

Најчесто е зафатен само еден зглоб и тоа зглобот на палецот на ногата. Но, не е исклучена можноста оваа болест да нападне и повеќе зглобови истовремено.

Доколку на ова место имате оток и неиздржлива болка, затегната и сјајна кожа со изразито црвена боја, голема е веројатноста да имате акутен напад на гихт.

Местото каде што се појавило воспалението е многу чувствително, па може да се јават големи болки дури и при нежен допир.

Болните имаат покачена температура, на лабораториските испитувања може да покажат леукоцитоза и забрзана седиментација.

Нападот може да трае ден-два, па сè до неколу недели. Карактеристично е дека завршува спонтано. Но, оваа болест може повторно да се појави на истиот зглоб со посериозни симптоми и манифестации.

Покрај палецот, гихтот може да се манифестира и на скочниот зглоб, колената, рачните зглобови, прстите на рацете и лактите.

Постојат четири фази на оваа болест

Асимптоматска фаза

Во оваа фаза има пораст на уричната киселина, но нема симптоми и трае од 10 до 30 години пред да се појави првиот напад.

Акутна фаза

Симптомите во оваа фаза траат од 3 до 10 дена, се јавува по долго асимптоматско депонирање на значителни количества кристали во зглобовите.

Прва манифестација е исклучително болен артритис, во почетокот моноартикуларен (еден зглоб), а подоцна и полиартикуларен (повеќе зглобови). Може да биде придружен со треска и висока температура

Интеркритична фаза

Постојат интервали меѓу нападите, кога болеста мирува без манифестации .

Хронична фаза

Во оваа фаза се јавуваат тофи на кожата кај болниот зглоб, вкочанетост на зглобовите, ограничена подвижност на зафатениот зглоб и деформитети.

Дијагноза и терапија

Дијагноза се поставува врз основа на анамнеза, физикален преглед, лабораториско испитување за докажување на зголемено ниво на урична киселина во серумот.

Дефинитивна дијагноза се поставува со докажување на присуство на кристали во леукоцитите на синовијалната течност на зафатениот зглоб.

Терапијата вклучува третман на акутниот напад на гихт и терапија за спречување на релапс на болеста.

Во акутната фаза се ординираат нестероидни антиинфламаторни лекови. По акутната фаза се дава антихиперурикемична терапија која има за цел да воспостави концентрација на серумските урати под 420 ммол. За таа цел се користи урикостатик – алопуринол.

Начинот на живот и исхраната имаат влијание врз развој и манифестација на болеста

На заболените од гихт им се препорачува внесување големо количество течности за да се спречи појавата на камчиња во бубрезите.

Би било добро да консумирате околу 2 до 3 литри течности во текот на денот, на тој начин ќе ја исфрлите уричната киселина од телото.

Здравиот начин на живот, исхрана без месо и масти и намалено консумирањe алкохол освен што ги превенираат болните напади спречуваат и нивна повторна појава.

Црвеното месо и рибата заменете ги со протеини од растително потекло, житарици и многу овошје и зеленчук. Движете се повеќе и спортувајте со што би ја намалиле телесната тежина .

Во однос на исхраната не се препорачува: црвено месо (свинско, јагнешко), сувомеснати продукти (салами, шунки, колбаси и др.), месо од мисирка, риба од конзерви и морски плодови.

Дозволено е: пилешко месо и немасно телешко, млеко и млечни продукти, јајца, многу овошје и зеленчук, кафе и чај во умерено количество.

Запомнете, доколку болеста правилно не се лекува и се занемаруваат нападите, може да предизвика инвалидитет и хронично оштетување на бубрезите.

Затоа е најдобро навремено да се обратите кај вашиот лекар за да ја добиете соодветната терапија.

Exit mobile version