Можни компликации од гестациски дијабетес кај мајката и бебето
Нетолеранција на глукоза се јавува за време на бременоста, најчесто во 6-тиот месец. Гестациски дијабетес или труднички дијабетес може да предизвика предвремено породување, компликации на фетусот (прекумерна тежина, срцеви аномалии) и бремената жена (трудничка хипертензија). Обично се повлекува по бременоста, но жените кои имале ваков тип на дијабетес имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2 подоцна во животот.
Можни компликации од гестациски дијабетес кај фетус:
- голема тежина на бебето при раѓање
- вродени аномалии
- интраутерина смрт
- хипогликемија
- жолтица
- нарушување на функцијата на белите дробови
Можни компликации од гестациски дијабетес кај мајката:
- прееклампсија
- спонтан абортус
- инфекции
Симптоми
- замор
- екстремна жед
- зголемен апетит
- губење на тежина
- оштетен вид
- затемнета кожа на вратот
- вртоглавица
- често мокрење
Кои се ризик фактори за појава на гестациски дијабетес?
- ако мајката има над 30 години
- прекумерна телесна тежина на мајката
- семејна историја на дијабетес
- гестациски дијабетес во претходната бременост
- претходно родено бебе со поголема тежина
- претходно имала мртвородено бебе
- Најдобар начин за лекување на гестациски дијабетес
Најдобар начин за лекување на гестациски дијабетес
Најважна е добра контрола на гестацискиот дијабетес во текот на бременоста. Контролата е од страна на гинеколог и ендокринолог.
Третманот на гестациски дијабетес има за цел да одржи нормално ниво на гликемија во крвта. Најчесто третманот за гестацискиот дијабет всушност е здрава диета и редовно вежбање, но доколку и покрај тоа не се постигне ефективна контрола на нивоата на шеќерот во крвта, потребен е медикаментозен третман по препорака од ендокринолог.
Превенција
Одржување на здрава тежина пред бременоста, редовна, избалансирана и добро испланирана диета, редовно вежбање и зголемен внес на течности. Исхраната треба да содржи протеини, комплексни јаглехидрати и масти, избегнување на благо, газирани сокови и тестенини. Исхраната како и редовна физичка активност се најважни во превенцијата на гестацискиот дијабет.
АМ