Гастроентероколитис
За третман може да се користи мед, полен или прополис, но најдобар резултат дава комбинацијата од сите три производи.
Мед:
Од костен, планински или ливадски. Се консумира од 1 до 3 лажички дневно пред јадење, растворен во топла вода. Третманот трае четири до пет недели.
Прополис
Три пати дневно пред јадење по две лажички 10% воден екстракт од прополис или 30-40 капки 30% алкохолен екстракт од прополис во чаша вода или млеко.
Полен
Три пати дневно по една лажичка пред јадење.
Воспаление на дебело црево- колитис
Карактеристични се болки, колкики, метеоризам (надуен стомак), чести столици со слуз и гној.
Мед
Дневна доза 100-120 грама, поделено во три оброци, растворен во чаша млака вода, се пие два часа пред оброк. Третманот трае 20 до 40 дена и по потреба се повторува за два месеци.
Прополис
Се користи алкохолен екстракт од прополис од 30% по 20-40 капки три пати дневно, еден час пред јадење, во чаша млака вода или млеко. Третманот трае 20-30 дена.
Полен
Една лажичка полен пред јадење, три пати дневно.
Комбинација од трите состојки
Пола килограм мед, 100 гр. полен и 50 гр. добро иситнет прополис. Се меша додека не добиете хомогена смеса. Се консумира по една лажичка три пати дневно, два часа пред јадење, растворена во вода.
Хроничен гастритис
Се препорачува орално земање на мед, два грама на килограм телесна тежина, три пати дневно. При хиперациден гастритис, земајте мед два часа пред јадење, а при хипоациден, земајте го растворен во млака вода 10 минути пред јадење.
Третманот трае 20-30 дена. Може да користите и прополис, 20 капки, три пати дневно пред јадење во чаша топла вода. Третманот трае 3-4 недели, а болките исчезнуваат за една недела.
Хемороиди
Се препорачува орално земање на мед, 10-12% воден раствор на прополис, по една лажичка три пати дневно во чаша вода. Локално се аплицира маст од прополис на газа два пати дневно.