ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

ЗДРАВ ВИКЕНД: Физичка активност за здрав и балансиран биопсихосоцијален статус

Поради слабата или никаква физичка активност, човекот нема основна кондиција за сите витални функции и сериозно ги нарушува и ги загрозува основните моторни вештини, пред сè брзината, а потоа и силата и издржливоста.
Модерното време го фаворизира умот, така што човекот повеќе се заморува психички отколку физички. Со оглед на тоа што психичкиот умор на работното место субјективно го заморува човекот и физички, одморот и рекреацијата најчесто се пасивни, покрај телевизор, компјутер, весник, книга во седечка или лежачка позиција. Поради тоа, постојат специфични програми за вежбање кои сепак можат да ја надокнатан малата физичка активност.

 

Бројни истражувања ја докажаа важната улога на редовната физичка активност:

 

Причина плус зошто треба да вежбаме

Кога зборуваме за вежбање, се наметнуваат прашањата: дали е воопшто потребно, зошто некој вежба, што може да се постигне, каков бенефит имаме од вежбањето?
Денешниот пристап кон здравјето е различен. Важно е да се чувствувате здраво, да изгледате добро физички, да имате висок животен стандард и да имате доволно слободно време за лични креативни и рекреативни активности. Поради тоа, денес човекот не може целосно да функционира без соодветна физичка активност, па конечно дојде време да се потенцира и истовремено да се развие чувството на општеството и индивидуата дека физичката активност треба да стане навика и составен дел од секојдневниот живот  на современиот човек. Сето ова е неопходно затоа што движењето му дозволува на лицето избалансиран и стабилен биопсихосоцијален статус.

 

 

Exit mobile version