Фактори кои се поврзани со зголемен ризик од рак на дојка

Фактори кои се поврзани со зголемен ризик од рак на дојка

 

Ракот на дојка е рак што се јавува во клетките на дојката. После карцином на кожа, карциномот на дојка е најчесто дијагностициран кај жените, но може да се појави и кај мажи. Значителна поддршка и свеста за карцином на дојка и финансирање на истражувања помогна да се создаде напредок во дијагностицирањето и лекувањето на карциномот на дојка. Стапките на преживување од карцином на дојка се зголемија и бројот на смртни случаи поврзани со болеста постојано се намалува, најмногу заради фактори како што се порано откривање, нов персонализиран пристап кон третманот и подобро разбирање на болеста.

Фактори кои се поврзани со зголемен ризик од рак на дојка вклучуваат:
  • Едноставно да сте жена.

Жените имаат многу поголема веројатност од мажите да развијат рак на дојка.

  • Стареење.

Вашиот ризик од рак на дојка се зголемува со стареењето.

  • Лична историја на состојба на дојка

Ако сте направиле биопсија на дојка која открила лобуларен карцином (LCIS) или атипична хиперплазија на дојката, имате зголемен ризик од рак на дојка.

  • Лична историја на рак на дојка

Ако сте имале рак на дојка во едната дојка, имате зголемен ризик од развој на рак на другата дојка.

  • Семејна историја на рак на дојка

Ако на вашата мајка, сестра или ќерка и е дијагностициран рак на дојка, особено на млада возраст, ризикот од рак на дојка е зголемен. Сепак, мнозинството од луѓето со дијагностициран карцином на дојка немаат семејна историја на болеста.

  • Наследени гени кои го зголемуваат ризикот од рак

Одредени генски мутации кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка може да се пренесат од родители на деца. Најпознатите генски мутации се нарекуваат BRCA1 и BRCA2. Овие гени можат значително да го зголемат ризикот од рак на дојка и други видови на рак, но тие не го прават ракот неизбежен.

  • Изложеност на зрачење

Ако сте имале третмани со зрачење на градите како дете или во младоста, ризикот од рак на дојка е зголемен.

  • Дебелина

Дебелината значително го зголемува ризикот од рак на дојка.

  • Добивање на мензис на помлада возраст

Добивање на менструацијата пред 12-та година го зголемува ризикот од рак на дојка.

  • Почеток на менопаузата на постара возраст

Доколку менопауза ви започнала на постара возраст, постои можност за да развиете рак на дојка.

  • Раѓање на дете на постара возраст

Жените кои го раѓаат своето прво дете по 30-тата година од животот може да имаат зголемен ризик од рак на дојка.

  • Доколку никогаш не сте биле бремени.

Жените кои никогаш не биле бремени имаат поголем ризик од рак на дојка отколку жените кои имале една или повеќе бремености.

  • Постменопаузална хормонска терапија

Доколку примате лекови за хормонска терапија кои комбинираат естроген и прогестерон за лекување на знаците и симптомите на менопаузата, постои зголемен ризик од рак на дојка. Ризикот од рак на дојка се намалува кога жените престануваат да ги земаат овие лекови.

  • Пиење алкохол

Пиењето алкохол го зголемува ризикот од рак на дојка.

Превенција

Промените во вашиот секојдневен живот можат да ви помогнат да го намалите ризикот од рак на дојка.

  • Прашајте го вашиот лекар за скрининг на рак на дојка. Разговарајте со вашиот лекар кога да започнете со скрининг и тестирање за карцином на дојка, како што се клинички прегледи на дојка и мамограми. Разговарајте со вашиот лекар за придобивките и ризиците од скринингот. Заедно, можете да одлучите кои стратегии за скрининг на рак на дојка се соодветни за вас.
  • Напревете си домашен преглед.

Жените можат да изберат да се запознаат со своите гради со периодично испитување на градите, во домашни услови. Ако се појават нови промени, грутки или други необични знаци на вашите гради, веднаш контактирајте го вашиот лекар. Свеста за градите можеби не спречува рак на дојка, но може да ви помогне подобро да ги разберете нормалните промени кои настануваат на вашите гради и да препознаете невообичаени знаци и симптоми.

  • Пијте алкохол во умерени количини, доколку пиете воопшто. Ограничете ја количината на алкохол што ја пиете на максимум еден пијалок на ден доколку изберете да пиете.
  • Вежбајте повеќето денови од неделата

Вежбајте повеќето денови од неделата, најмалку 30 минути. Ако не сте биле активни во последно време, прашајте го вашиот лекар дали сè е во ред и започнете полека.

  • Ограничете ја терапијата со хормони во менопаузата. Комбинирана хормонска терапија може да го зголеми ризикот од рак на дојка. Разговарајте со вашиот лекар за придобивките и ризиците од хормонска терапија.

Некои жени доживуваат знаци и симптоми за време на менопаузата, а за овие жени може да биде зголемен ризикот од рак на дојка, само за ублажување на знаците и симптомите на менопаузата.За да го намалите ризикот од карцином на дојка, користете ја најниската можна доза на хормонска терапија за најкратко време.

  • Одржувајте здрава тежина.

Ако вашата тежина е здрава, обидете се да ја задржите. Ако треба да изгубите тежина, прашајте го вашиот лекар за здрави стратегии за да го постигнете тоа. Намалете го бројот на калории што ги внесувате секој ден и полека зголемувајте ја количината на вежбање.

  • Изберете здрава исхрана.

Жените кои јадат медитеранска диета дополнета со екстра  маслиново масло и мешани ореви имаат намален ризик од рак на дојка. Медитеранската диета главно се фокусира на растителна храна, како што се овошје и зеленчук, цели зрна, мешунки и ореви. Луѓето кои практикуваат медитеранска диета, наместо црвено месо,путер и риба избираат здрави масти, како што е маслиновото масло.


М.Д

Коментари