Стручна Помош
д-р Марија Јованоска: Што е ринит и колку видови постојат?

Ринит е најчестиот симптом кој се јавува при настинка и алергија. Во основа се работи за воспаление на носната слузница и се карактеризира со ринореа (течење на секрет), кивавица и јадеж. Самото воспаление може да биде предизвикано од инфективни ( бактерии, вируси) или алергиски (полен, прашина) причинители.
- Алергискиот ринит може да биде сезонски ( доколку предизвикувач е алерген кој се јавува во зависност од годишното време) и преку целата година.
- Инфективен ринит е предизвикан од патоген причинител и иститот според времетраењето на состојбата може да биде акутен или хроничен.
Исто така постојат и други типови на ринит кои се подолу наведени.
- Идиопатски ринит познат е и како вазомоторен ринит последица е на хиперактивност на слузокожата при изложување на неспецифични причинители како што е димот од цигари, некои јаки мириси, издувни гасови, промена на температура и влажност на водухот.
- Професионален ринит е предизвикан од инхалација на агенси кои произлегуваат од работното место.
- Хормноски ринит во услови на хормонски дизбаланс, бременост, пубертет и тн.
- Ринит предизвикан од лекови.
- Топла, лута и зачинета храна може да предизвикаат реактивна ринореа.
- Силни емоции исто така може да предизвикаат ринореа.
Дијагнозата се поставува уште кај вашиот матичен лекар и истата во зависност од околноситите може да бара дополнителни дијагностички процедури евентуално и специјалистички преглед.
Терапија зависи од причинителот и истата најчесто се аплицира перорално или локално.
д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС