д-р Марија Јованоска: Имунитетот е клуч на вашето здравје

д-р Марија Јованоска: Имунитетот е клуч на вашето здравје

Имунитет или имунолошки систем кај човекот претставува збир од посебни клетки, ткива, протеини, органи и жлезди кои имаат задача да го штитат човекот од разни инфективни заболувања или инфекции.

Инфекцијата претставува напад (инвазија) и размножување на микроорганизми кои не припаѓаат во нашиот организам. Оние микроорганизми кои имаат способост да предизвикаат болести се нарекуваат патогени, а тоа најчесто се бактериите, вирусите, габите и паразитите.

Што го намалува имунитетот?

Бројни причинители можат да го ослабат функционирањето на нашиот имун систем: долги и тешки болести, стрес, исцрпеност и хроничен замор, несоодветен начин на исхрана,  недоволна физичка активност. Пушењето и други штетни навики исто така влијаат на намалување на имунитетот.

Како да го зајакнеме имунитетот?

За добро функционирање на имунолошкиот систем од голема важност е соодветно внесување на важни елементи во исхраната како: цинк, железо, бакар, селен, витамини A, B, C и E (се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарици, ореви, бадеми, лешници и некои семиња).

* Витамин C – ги стимулира клетките на одбрамбениот систем, го поткрепува и го зајакнува имунитетот и има силно антиоксидативно дејство.

*  Echinacea – најпознат растителен препарат за поддршка на имнолошкиот систем. Се употребува при склоност кон чести инфекции, како што е настинка.

* Пробиотици – треба да се земаат за време или после зачестена употреба на антибиотици кои ја нарушуваат цревната флора.

* Прополис – содржи голем број на лековити материи кои имаат антоксидативни, антимикробни, противвоспалителни и други лековити својства.

* Матичен млеч – содржи висока концентрација на биолошки активни состојки од природно потекло како што се: аминокиселини, протеини, шеќери, масти, витамини (A, C, D, E, В), хормони.

* Лук – содржи супстанции кои го стимулираат имунитетот, имаат антибиотски својства, антиоксиданси и се препорачува негово земање како храна и/или во форма на различни препарати.

* Алое вера – се смета дека содржи материи кои влијаат на имуниот одговор, но и антиоксиданси и средства што го намалуваат воспалението. Се употребува сам или во комбинација со други состојки во разни форми.

*Антиоксиданси – материи од различно потекло чие основно својство е да ги врзуваат слободните радикали и на тој начин ја подобруваат општата состојба на организмот и неговите одбранбени механизми. Тука спаѓаат голем број витамини, минерали, материи од природно потекло како: состојки на масло од црн дроб на ајкула, семиња, интегрални житарки и друго.

Совети за да го зајакнете вашиот имунитет

Спијте доволно и намалете го стресот.

Земајте пробиотици. Се смета дека пробиотиците ја намалуваат можноста за појава на респираторни и гастроинтестинални инфекции.

Излезете на сонце. Сончевите зраци го овозможуваат создавањето на Витаминот D во кожата.

Јадете лук.

Имајте умерена физичка активност. Телото се одржува во кондиција, што е многу важно за одржување на имунитетот и спречување на многу болести и состојби.

Дружете се, излегувајте со пријатели, смејте се. Доброто расположение, активното дружење и оптимизмот позитивно влијаат на имунитетот и на општото здравје на поединецот.

 

д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Коментари