Малигни болести

Борбата со карцином го афектира и психичкото здравје на пациентите

Поставувањето на дијагноза за карцином скоро секогаш го афектира и психичкото здравје на пациентите. Третманите и последиците од карцином предизвикуваат депресија, анксиозност, несигурност итн. Доколку треба да почнете со лекување канцер, има неколку начини за да се подготвите.

1. Побарајте детален опис на целата постапка од вашиот лекар, што може да добиете, а што да изгубите од третманот

Без разлика дали се соочувате со хемотерапија, радиотерапија или операција, треба да знаете што да очекувате. Докторот може да ви помогне да се подготвите за лекувањето со тоа што ќе ви ги објасни кои се позитивните, а кои негативните страни од лекувањето.

2.Едуцирајте се

Постојат повеќе начини кои ќе ви помогнат да се едуцирате и да се подготвите.Многу полесно ќе го пребродите периодот на терапија доколку знаете што всушност се случува во вашиот организам и како делува терапијата.

Реклама

3.Направете проверка

Доколку се сомневате во вашите резултати или третманот кој ви е одреден, побарајте второ мислење. На тој начин ќе се ослободите од сите сомневања.

4.Побарајте поддршка

Не верувајте на сѐ што ќе прочитате на интернет. Информациите од интернет нека бидат само насока. Ниту една информација што ќе ја прочитате не може да го замени разговорот со вашиот специјалист. Бидете искрени и отворени кон себе и останатите, разговарајте на темата, соберете искуства од луѓе кои веќе ја победиле болеста. Тоа ќе ви влее надеж и ќе ви даде сила за понатаму.


 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button