Психологија

Јапонска уметност на дијалог без караница-Тој живее во вертикално, а таа во хоризонтално општество

ТОЈ ЖИВЕЕ ВО ВЕРТИКАЛНО ОПШТЕСТВО

                   ТАА ГО БИРА ХОРИЗОНТАЛНОТО  ⃝

 

Мажите и жените на различен начин ги градат своите односи со околината. Тој го создава вертикалниот однос со луѓето, таа го сака хоризонталниот однос. Во оваа статија понатака ќе ви ги објасниме тие две гледишта.

Со оглед на тоа што мажот не се одликува со внимателност кон повеќето ситници, на возраст мажот секогаш ќе обрне внимание. Него не го интересира кој е постар, него повеќе го интересираат како се распределени улогите по старост.

Реклама

На пример, ако мажите се сретнуваат на забава од работа и во одредена група на мажи и жени се наоѓаат колеги кои се со различен ранг по должност, тој што е со повисока должност ќе го фали и ќе се шали на сметка на тој со пониската должност. А младиот колега ќе биде скромен и ќе зборува како неговиот колега е попрофесионален од него, ќе нарачува напитоци и ќе се труди исто толку да ја развесели групата. Прекрасна тимска игра.

Но, ако во групата се најдат колеги од иста возраст и ист ранг, тогаш ситуацијата ќе стане сосема поинаква. Во тој случај секој од нив ќе настојува сето внимание да го насочат кон себе и веселата забава може да се претвори во битка на два бика. Кога ја нема атмосферата на хиерархија кај мажите настанува нелагодност и секој од мажите сака да го заземе местото на лидерот.

Женска солидарност е обостран меч. Жените немаат навика да забележуваат кој е постар по возраст, за нив тоа e сосена небитно. Без разлика на годините сите жени на пример, на една забава ќе комуницираат на исто рамниште, не зависно дали е домаќинка, немажена, студентка или мајка со добра работа. Послаба општествена положба на жената која што царувала долги години го дава својот ефект до ден денешен. Се уште постои мислење дека жената е послаб пол и затоа автоматски жените се “сплотуваат“ за да им  се спротивставуваат на „силните“ мажи. Жената има толку улоги и варијанти како например мажена/немажена жена, има или нема деца, дали има добра професија и приход и се во толкав голем број улоги што само по себе кажува зошто помеѓу жените не е возможна вертикална комуникација. Но, и во хоризонталниот однос не е се иделано, човечките односи „ние сме другарки“ и „заедно одиме во тоалет во диско“ го прави невозможен излез од таквиот однос. Затоа некогаш жените се гледаат со некого без одлед дали им се допаѓа тоа или не.

Од оваа перспектива гледано на вертикални и хоризонтални односи може да се каже дека потекнуваат од нашето детство.

Кажете ми, во какви игри сте играле кога сте биле мали?

Секако, машките деца секогаш го бираат оној колективниот спорт како кошарка, фудбал и т.н. Од другата страна пак, девојчињата повеќе сакаат да си играат со кукли, бирајќи улоги на ќерки, мајки и т.н.

Така и во возрасниот живот, мажите се навикнати на колективна игра, претпоставениот дава задача „играчот“ ја извршува, односно дава свој придонес за доброто на „тимот“. Мажот секогаш е понесен од идејата да се усовршува, како во игра на едно ниво. За разлика од мажот, жената е понесена секојдневно да се менува односно да ги менува улогите исто како кога си играла мала со кукли. На жената не и е интересно да се усовшува на едно ниво, на неа и требаат различни нивоа, а ако може и сосема други игри.

Резиме: ВО ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ ДВОЈКА, ВАЖНА УЛОГА ИГРА ОКОЛИНАТА НА СЕКОЈ ОД НИВ. ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА ПО КОИ ШТО ВАШИТЕ ПАРТНЕРИ КОМУНИЦИРААТ.

МАГИЧНИ РЕПЛИКИ: Кои би ги кажале за односите на нашите партнери кон околината

Мажот „Ооо супер, вие уште се дружите“

Кога со почитување се однесуваме кон пријателите на нашите пратнери тоа смирува.

Жената „А кој од вас е на повисока должност?”

Дури и ако мажот ретко зборуза за својата работа, ваквото прашање ќе го мотивира за разговор.

 

Извадоци од книга на Танцуари Јота,експерт за комуникација
Лиа Барбун

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button