ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Како дијабетесот е тесно поврзан со здравјето на очите?

Секој треба да се грижи за здравјето на своите очи, но кога имате дијабетес, очните прегледите се особено важни.

Зошто е тоа така ?

Оштетување на окото може да се појави пред да се појават било какви симптоми

Дијабетесот е системско заболување кое влијае на многу органи.

Доколку има оштетување на крвните садови на окото, тоа се нарекува дијабетична ретинопатија. Кога се развива дијабетична ретинопатија, често нема симптоми се додека ретинопатијата не достигне умерена или напредна фаза.

Во напредната фаза, ретинопатија може да предизвика брзо и трајно губење на видот. За време на вашиот преглед за дијабетес на очите, вашиот офтамолог може да открие не само суптилни промени во вашите очи предизвикани од дијабетес, туку исто така може да открие катаракта, глауком и кој било друг проблем поврзан со окото.

Колку порано се открие какво било заболување на окото, толку е подобар крајниот исход

Оштетување на окото кај дијабетичарите треба да се реши што е можно поскоро за да се обезбеди најдобар исход. Доколку резултатите од вашиот годишен преглед на очите бил сосема во ред , ве советуваме веднаш да се обратите кај вашиот лекар, доколку ги забележите овие долу наведени симптоми:

Овие симптоми можат да бидат предизвикани од нешто едноставно како промена на очилата или контактни леќи, но може да укажува и на посериозна промена предизвикана од дијабетесот.

Достапни третмани

Доколку дијабетесот на окото е откриен рано и со него внимателно управува офталмолог или оптометрист, може да се запре или забави, сепак, најдобриот третман е да се спречи развојот на дијабетична ретинопатија.

Строгата контрола на нивото на гликоза во крвта го намалува ризикот од губење на видот како резултат на дијабетична ретинопатија.

Покрај тоа, крвениот притисок е тесно поврзан со дијабетисот, но проблемите со бубрезите и високиот холестерол треба да се контролираат, бидејќи тие исто така можат да влијаат на крвните садови во вашите очи.

Exit mobile version