Тесната поврзаност помеѓу дијабетисот и здравјето на очите

Тесната поврзаност помеѓу дијабетисот и здравјето на очите

Секој треба да се грижи за здравјето на своите очи, но кога имате дијабетес, очните прегледите се особено важни.

Зошто е тоа така ?

1.Оштетување на окото може да се појави пред да се појават било какви симптоми

Дијабетесот е системско заболување кое влијае на многу органи. Окото е единствениот орган со крвни садови, кој е добро видлив за обучен и искусен доктор.Доколку има оштетување на крвните садови на окото, тоа се нарекува дијабетична ретинопатија. Кога се развива дијабетична ретинопатија, често нема симптоми се додека ретинопатијата не достигне умерена или напредна фаза. Во напредната фаза, ретинопатија може да предизвика брзо и трајно губење на видот. За време на вашиот преглед за дијабетис на очите, вашиот офтамолог може да открие не само суптилни промени во вашите очи предизвикани од дијабетес, туку исто така може да открие катаракта, глауком и кој било друг проблем поврзан со окото.

2.Колку порано се открие какво било заболување на окото, толку е подобар крајниот исход

Оштетување на окото, кај дијабетичарите,  треба да се реши што е можно поскоро за да се обезбеди најдобар исход. Доколку резултатите од вашиот годишен преглед на очите бил сосема во ред , ве советуваме веднаш да се обратите кај вашиот лекар, доколку ги забележите овие долу наведени симптоми:

  • Заматен вид;
  • Болки во очите;
  • Двоен вид;
  • Тешкотии во читањето;
  • Отсјај од светлината;
  • Ненадејна појава на дамки;
  • Трепкање на светла/предмети околу нас;
  • Предмети што изгледаат поголеми или помали од вообичаено;
  • Темно или празно место во центарот на вашиот вид;
  • Тешкотија да се гледа добро навечер;
  • Треперење на очниот капак;

Овие симптоми можат да бидат предизвикани од нешто едноставно како промена на очилата или контактни леќи, но може да укажува и на посериозна промена на дијабетисот.

3.Достапни се третмани кога се индицира на дијабет на окото

Доколку дијабетисот на окото е откриен рано и со него внимателно управува офталмолог или оптометрист, може да се запре или забави, сепак, најдобриот третман е да се спречи развојот на дијабетична ретинопатија. Строгата контрола на нивото на гликоза во крвта го намалува ризикот од губење на видот како резултат на дијабетична ретинопатија. Покрај тоа,  крвениот притисок е тесно поврзан со дијабетисот, но проблемите со бубрезите и високиот холестерол треба да се контролираат, бидејќи тие исто така можат да влијаат на крвните садови во вашите очи.


Мирјана Димитриевска

Коментари