Цикорија (Chicorium intybus) е светло сино цвеќе, кое потекнува од семејството маргаритки. Распространета е низ цела Европа и може да се најде на ливади, пасишта, покрај патеки и на необработена земја.
Цикоријата наоѓа примена во кулинарството, но и во традиционалната медицина со векови. Во нашите региони најчесто се користи за да подготвување на пијалок како одлична алтернатива на кафето. Пред се поради сличениот вкус и боја.
Бројните придобивки од коренот на цикоријата се препишуваат на содржината на влакна што се екстрахира и се користи како прехрамбен адитив или додаток во исхраната.
Инулин како лек за против надуеност
Сувата материја од свеж корен на цикорија сочинува дури 68% инулин. Инулинот е полисахарид кој спаѓа во групата фруктани, кои се најзастапени во овошјето, зеленчукот, а најмногу во билките. Најмногу го има во пченицата, кромидот и лукот, како и бананите и коренот од цикорија.
Дејствува како пребиотик, што значи дека служи како храна за добрите бактерии во нашиот дигестивен систем. Овие корисни бактерии, познати како пробиотици, играат важна улога во намалувањето на воспалението, борбата против штетните бактерии и ја подобруваат апсорпцијата на минералите.
Па токму поради влакната од коренот на цикоријата имаат корисен ефект врз здравјето на целиот дигестивен систем.
Влијание врз здравјето
Дигестивниот систем
Инулинот од коренот на цикоријата минува не сварен низ нашиот дигестивен систем и служи како храна за добрите бактерии во цревата. Затоа цикоријата го помога процесот на здраво варење на храната.
Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека инулинот може да помогне и при запек. Резултатите од 4-неделното истражување објавено во “International Journal of Food Science and Nutrition” со учество на 44 возрасни лица со симптоми на запек, покажа дека дневно внесување на 12 гр инулин од цикорија може да помогне во омекнување на столицата и значително да се зголеми работата на цревата.
Глукоза во крвта
Влакната од коренот на цикоријата можат да помогнат во контролата на глукозата во крвта, особено кај луѓето со дијабетес. Се смета дека ова се должи на содржината на инулин, кој го стимулира растот на добри бактерии вклучени во метаболизмот на јаглени хидрати. Како и чувствителноста на клетките на инсулин – хормон кој помага во апсорпцијата на гликозата во крвта.
Коренот на цикоријата содржи и цикорична хлорогена киселина. За неа е докажано дека ја зголемуваат мускулната чувствителност на инсулин кај глодарите.
Резултатите од двомесечно истражување, во кое биле вклучени 49 жени со дијабетес тип 2, покажало дека земањето на 10гр инулин на ден доведува до значително намалување на нивото на глукоза во крвта. Како и на хемоглобинот А1c кој се користи како мерка за утврдување на просечното ниво на глукоза во крвта.
Употреба на цикоријата во исхраната
Цикоријата е многу лесна за вклучување во исхраната. Може да се користат сите делови на растението – корен, лисја и цвет.
Свежиот корен често се готви или бланшира и се служи како зеленчук. Но, коренот на цикорија најчесто се суши, се пече и меле и се користи како алтернатива на кафето.
Покрај тоа, поради високата содржина на инулин, тој е чест додаток на преработена храна во која е посакувана висока содржина на влакна или служи како замена за шеќер или маснотии, поради неговите својството за гелирање и слаткиот вкус.
Горчливите лисја од цикорија може да се зготват и да се користат во супи, чорби, салати и како прилози, а младите пупки односно цветовите може да се користат при подготовка на бројни салати.