Исхрана

Протеините може да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Протеините може да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми без да гладувате. Но, важно е да ја консумирате правилната доза и правилниот вид на протеини за да добиете максимален здрав бенефит.

Морска храна
Морската храна е одличен извор на протеини, бидејќи содржи мали количини на масти. Риби како лосос содржат омега-3 масни киселини кои се здрави за кардиоваскуларниот систем.

Бело месо
Белото месо содржи многу протеини и нема маснотии. Кожата од месото е богата со заситени масни киселини, затоа извадете ја пред јадење.

Млеко, кашкавал и јогурт
Не само што се богати со протени, туку содржат и вредни дози калциум и витамин Д. Изберете млеко со помал процент на масти за да ги задржите вашите коски и заби здрави и да превенирате остеопороза.

Јајца
Јајцата се можеби најефтиниот извор на протеини. Белката од јајцето е особено богата со протеини, затоа консумирајте барем едно јајце дневно.

Реклама biskviti za deca

Грав
Една шолја грав содржи исто протеини колку и едно парче стек. Богат е со нутритиенти и растителни влакна кои ќе ве држат сити со часови.

Соја
Педесет грама протеин од соја дневно може да помогне во намалување на холестеролот за околу 3%. Храната базирана на соја е богата со протеини, има мало количество на маснотии и калории и спаѓа во здрава исхрана, а има позитивен ефект врз здравјето на вашето срце.

Протеини за носење
Ако немате време да седнете на оброк, зграпчете смути, енергетски пијалок или мусли за носење. Проверете ја етикетата за да бидете сигурни дека производот содржи најмалку шест грама протеини и има малку шеќер и заситени масти.

Протеини во појадокот
Научни истражувања открија дека извор на протеини како јајца или грчки јогурт со мусли, кои содржат голема количина на растителни влакна, се одличен избор и ќе се чувствувате сити подолго време дури и ако ги јадете во помали количини.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button