Аутизам- нарушување на невролошкиот развој кое се одликува со намалена способност за социјализацијa и комуникација со ограничено и повторливо однесување. Најчесто се појавува во првите три години од животот на детето.
Карактеристики на децата со aутизам:
- Детето не воспоставува контакт со очи.
- Има потешкотии во разбирање на чувствата на другите деца.
- Не покажуваат емпатија кон другите.
- Избегнува игра со врсниците.
- Не одговара на ниту еден збор на возраст од 16 месеци.
- Не реагира кога некој го повикува неговото име.
- Повторува бројки,букви или ТВ реклами.
- Може да се појави комплетно отсуство на говор.
- Преосетливи или неосетливи на звуци.
- Многу од децата со аутизам одат на прсти.
Совети кои би ви биле од корист:
- Аутизмот не е ментална болест.
- Зборувајте јасно и едноставно.
- На дете со аутизам му е потребно трпение и разбирање, затоа бидете трпеливи и насмеани.
- Употребувајте едноставен и прецизен јазик кога водите разговор и кога давате инструкции.
- Користете повеќе визуелни инструкции.
- Разговарајте на тема која ја сака детето.
- Бидете позитивни и охрабрувајте го детето.
Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист