COVID-19

Разговарајте отворено со вашите деца за коронавирусот

Случувањата со коронавирусот и мерките за претпазливост во изминатиот период се главна тема на сите телевизиски канали, весници и на интернет. Неизбежно е вашите деца да слушнале за ковид-19 и сега да се интересираат и да поставуваат повеќе прашања.

Ви нудиме неколку совети како да се справите со љубопитноста на вашите деца, да одговорите на сите нивни прашања без да ги загрижите или исплашите уште повеќе :

 

1.  Не се плашете да разговарате на тема коронавирус

Многу од децата веќе нешто слушнале или виделе  луѓе кои носат маски и ракавици, па не треба да го избегнувате овој разговор, бидејќи така уште повеќе ќе ги загрижите вашите деца. Вашата цел треба да биде помогнете на вашите деца да се чувствуваат информирани и да добиваат информации засновани врз факти што веројатно ќе бидат посигурни од сето она што го слушаат од своите пријатели или од вестите.

Реклама

 

2. Прилагодете ги вашите одговори на возраста на децата

Не им давајте дополнителни информации надвор од нивните прашања, тоа може да биде товар за вашето дете. Наместо тоа, потрудете се да бидете јасни и искрени. Во ред е ако не можете да одговорите на сè, важно е да се бидете на располагање на вашето дете.

 

3. Дозволете вашите деца да го водат разговорот

Оставете ги сами да ви раскажат што слушнале за коронавирусот и како се чувствуваат во врска со тоа. Оставете простор за многу прашања, можеби веднаш нема да имате одговор на сите, но можете ја спречите застрашувачката фантазија на децата.

 

4. Однесувајте се смирувачки

Децата се многу егоцентрични, така што слушањето за коронавирусот на вестите може да биде доволно за да ги натера сериозно да се грижат дека ќе заболат. Вие треба  да го уверите вашето дете во тоа колку е редок коронавирусот за разлика од грипот или настинката  и дека заболените децата имаат многу поблаги симптоми од возрасните.

 

5. Водете грижа за себе и вашата анксиозност

Децата ги впиваат вашите реакции на состојбата и вестите за коронавирусот, па ќе им помогне ако знаат дека сте смирени и не паничите.
Ако се чувствувате анксиозно и вознемирено, одвојте време за себе и направете нешто што ќе ви помогне и ќе ве опушти.

 

6. Фокусирајте се на она што го правите за да останете безбедни

Многу е важно на вашите деца да им ги  потенцирате и објасните препораките и мерките за заштита. Децата чувствуваат моќ кога знаат што треба да прават и како да се заштитат. СЗО (WHO) препорачува темелно миење на рацете како основно средство за да останете здрави. Затоа, потсетете ги децата дека се грижат за своето здравје со миење на рацете со сапун и вода 20 секунди (или колку нивната омилена песничка) кога ќе влезат од надвор, пред да јадат, откако ќе го избришат носот, после кашлање, кивање или користење на тоалет. Ако децата прашуваат за маски за лице, објаснете дека експертите на СЗО велат дека тие не се неопходни. Ако децата видат луѓе кои носат маски за лице, објаснете дека тие луѓе се премногу претпазливи.

 

7. Зборувајте постојано со вашите деца

Не го прекорувајте вашето дете ако на секои 5 минути има ново прашање. Потрудете се секогаш да бидете достапни и отворени да одговорите на прашањата.

За правилен раст и развој на вашите деца пробајте да ги балансирате грижите за нивното менталното и физичко здравје, трудете се квалитетно да го поминете секој миг со вашето дете.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button